На пејачката по скандалот неверојатно и порасна цената
Карлеуша може да заработи огромни пари по големиот скандал што и се случува во последните две-три недели.
Српските медиуми деновиве пишуваат дека цената за нејзините настапи скокнала за цели 8.000 евра и дека Карлеуша сега само за еден викенд во Виена и Амстердам ќе искешира неверојатни 40.000 евра. Пред аферата нејзиниот настап чинеше 12.000 евра, а сега наводно – 20.000.
„Нема некој што не сака да ја види . Две недели додека траеше аферата, Карлеуша не се појави никаде и нејзината цена неверојатно се зголеми. До крајот на годината би можела да заработи повеќе од милион и пол евра”, вели еден познат српски естраден менаџер.
Пејачката објави нова песна пред два дена, која веќе брои милион прегледи на Јутјуб.
Инаку, за време на својата кариера, Карлеуша често истакнуваше дека не живее од парите што ги заработува, односно дека сите пари ги троши за скапоцената облека, додека сè друго плаќал нејзиниот сопруг Душко.
Популарноста на Карлеуша се зголеми и на Инстаграм, каде сега ја следат преку два милиони луѓе.