Колку времето брзо проаѓа можеме да видиме и од тоа колку некои познати деца што сме ги гледале на телевизија во меѓувреме пораснале и станале возрасни луѓе.
Како вчера да беше кога се појавија Телетабисите и оној насмеаниот лик со сини очи што го претставуваше Бебето сонце и заразно се смееше.
Во прашање е Британка Џесика Смит која тогаш беше девет месечно бебе, а денес има 22 години. Нејзиното бебешко лице покрај четирите главни лика се појавуваше на почетокот и крајот од секоја епизода.
Насмеаното сонце Џесика Смит, во 1997 година, кога се снимаше првата епизода на Телетабиси, беше бебенце и имаше само девет месеци. Таа победи на конкурсот со својата заразна насмевка, а за својата улога заработи нешто повеќе од илјада евра и кутија играчки што во тоа време беше сосем доволно за нејзините родители.
Како мала обожавала да ја гледа серијата, но тогаш не била свесна дека токму таа е сонцето од малите екрани.
Тајната за тоа дека токму таа е познатото Дете сонце ја знаеја само најблиските пријатели и семејството, а нејзиниот идентитет беше откриен на јавноста кога каналот „Би Би Си“ снимаше специјална емисија за дваесетгодишнината од снимањето на познатата детска серија.