Реклама
Вирално

Нема да ви се верува какви производи се користат масовно во Кина против загадениот воздух

Реклама

Без разлика дали се гушиме од смогот од фабричките оџаци или од невидливите отровни честички од ауспусите на автомобилите, градовите ширум светот ја губат битката против загадувањето.

Поради алармантната состојба на воздухот во целиот свет, се создадоа бројни иновативни, но и прескапи решенија.

Маркетинг

Некаде помеѓу 5.5 и 7 милиони луѓе годишно yмиpaaт заради вдишување на штетните гасови кои се наоѓаат во атмосферата. Па затоа многу компании се досетија како да заработуваат на ваквиот глобален проблем. Расте бројот на компании и „стартапи“ кои компресираат свеж селски воздух и го продаваат преку интернет. Иако звучи како шега, идејата е да се зголеми свеста кај луѓето и да им се пружи шанса да вдишуваат свеж воздух – но за одредена цена секако!

Една таква компанија е Виталити (Vitality) чие седиште во Едмонтон во канадската Алберта. Тие продаваат здрав планински воздух од Канадските карпести планини, а потоа го компресираат во боци.

Едно шише од осум литри ваков компресиран воздух, опремен со специјален чеп и маска која содржи околу 160 вдишувања, чини 24 долари по шише. Еден од директорите на фирмата Мозес Лам вели дека работата ја започнале како шега, но побарувачката по флаширан воздух скокнала.

Најмногу муштерии имаат во Кина, Индија и Јужна Кореја.

И британската фирма Eter (Aethear) собир воздух од британските села и го продава за повеќе од 100 долари по тегла. Компанијата денес само во Кина продава преку 10.000 шишиња месечно, а се надеваат дека таквите бројки наскоро ќе преминат преку 40.000. Тие започнаа да работат и во Индија, а се надеваат дека на тој пазар ќе продаваат 10.000 шишиња месечно. Иако Лам вели дека многу луѓе купуваат овие производи како подарок на шега, сепак е убеден дека се на добар пат да развијат бизнис.

Основачот на оваа компанија, Лео де Ватс го започнал ваквиот бизнис како еколошки политички перформанс, и токму тој го измислил терминот „жетва на воздух“, за методите што се користат за собирање на воздух.

Тој беше посебно загрижен што на луѓето им е тешко да ја сфатат тежината на загадувањето, па затоа ја создаде компанијата „Етер“.

Парите од една тегла што ќе ја продаде ја вложува во производство на евтини, но квалитетни маски за дишење.

Швеѓаните пак, Фредрик Кемпе и Александер Хјертстем за време на патување во Индија дошле до идеја да започнат бизнис со маски за дишење. Тие почнале да ги истражуваат производите, и она што најпрво го забележале, е дека повеќето маски се едноставни и не пружаат доволно заштита.

Тие ја стартуваа компанијата Еринијум (Airinum), која продава шарени маски во најразлични стилови по цена од 66 и 75 долари. Нивните производи користат три различни филтри кои ги блокираат и најмалите честички на загадениот воздух од ауспусите и смогот.

Иако постои истражување кое потврдува дека добра маска за лице помага во борбата против загадувањето, тоа се само краткорочни анализи кои го мерат крвниот притисок и работењето на срцето.

„Маската мора да биде користена подолг временски период за да има некој ефект за здравјето“, вели Бенџамин Барат, научник од Кингс колеџот во Лондон, кој се сомнева во овие дизајнерски производи.

И додека луѓето се повеќе за загрижени за загадувањето, експоненцијално расте и побарувачката за овие производи. Добар пример е „Ер Шилд“ – дизајнерска количка за бебе низ која циркулира филтриран воздух за да се создаде чиста микро клима во внатрешноста. Тие се производ на Доминикас Бидинас, дизајнер од Литванија кој со својот изум собра бројни награди низ целиот свет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button