Реклама
Новости

Нема да ве заборавиме – емотивна објава на турската актерка од Романтичарот. Нејзиното срце е со оние под рушевините!

Реклама

Познатата турска актерка Демет Оздемир им се заблагодари на рударите кои макотрпно ги спасуваат настраданите од земјотресот.

Фото: Принтскрин

Потрагата и спасувањето што започна по земјотресот чиј епицентар беше во Кахраманмараш и во кој загинаа повеќе од 38 илјади луѓе, се уште трае. Рударите со својата техника што ја користеа создадоа коридор и обезбедија многу луѓе да бидат тргнати од урнатините и спасени.

Познатата турска актерка од помладата генерација, Демет Оздемир, која по страшниот земјотрес деноноќно им помага на луѓето што собираат помош за настраданите, како и со своите објави на социјалните мрежи, овој пат им се заблагодари на рударите кои учествуваа во потрагата и спасувањето со објава на својот профил на Инстаграм.

Маркетинг

„Би сакала да им се заблагодарам на нашите рудари кои ги вложија своите срца и сета своја сила во отстранување на рушевините и кои ни овозможија да имаме голем успех при пронаоѓање на живите и нивното спасување!!! Нема да ве заборавиме“, пишува таа на својот профил.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Во својата втора објава, таа вели:

Маркетинг

„Процесот низ кој минуваме навистина е фрустирачки, многу тажен! Нашите срца се уште се со тие што се под рушевините! Среќни сме заради вестите дека постои надеж! Но нашите срца тагуваат заради оние што ги изгубивме! Им посакувам милост Божја за нив и уште еднаш изразувам сочувство до нивните најмили и семејствата“, напиша познатата актерка.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Инаку, по двата големи земјотреси во Турција, познатата актерка веднаш се вклучи во пружањето помош на граѓаните погодени од несреќата. Таа собираше донации за настраданите и собра голема сума на пари, а постојано ги користи и социјалните мрежи за помош.

Впрочем така беше и од самиот почеток откако катастрофалниот земјотрес ја погоди нејзината земја.

Фото: Принтскрин

Познатата актерка која ја освои публиката со улогата на Зајнеп во популарната серија „Мојот дом“ тогаш напиша:

„Ме разбуди ужасниот земјотрес. Престрашно е, Турција. Каква катастрофа по овој студ. Боже помогни им на сите живи суштества“, напиша Демет тогаш на својот Инстаграм профил на кој има преку 15 милиони следбеници. Таа тогаш воедно ги сподели и страшните СМС пораки што ги доби од една нејзина пријателка, чие семејство исчезнало во земјотресот.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

„Ве молам помогнете брзо, гласовите доаѓаат. Мојот вујко, вујна и нивниот син се во опасност!“ пишува нејзината пријателка.

„Итно! За семејството на мојата пријателка. Можете ли да дојдете до ова подрачје?“ молеше познатата актерка.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

„Не влегувајте во оштетените објекти во областите по земјотресот. Оставете ги патиштата празни за возилата на брза помош. Избегнувајте телефонски повици освен за итни ситуации“, објави Демет.

Потсетуваме, Демет во македонската јавност стана позната најмногу по нејзините генијални улоги во популарните турски серии „Романтичарот“ и „Мојот дом“.

Фото: Принтскрин

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button