Неколку трикови со кои фотографирањето на домашниот ентериер ќе ви биде многу поуспешно и поинтересно
Ако сакате вашиот дом постојано да изгледа средено, тогаш сигурни сме дека вашиот животен простор изгледа како на фотографиите.
Но доколку не знаете како да ги направите истите, односно ако вашите фотографии никако не го прикажуваат она што го гледате со сопствените очи, еве неколку трикови кои ако ги применувате, ќе добиете врвни фотографии.
Користете природна светлина
Најдобро е да се користат благодатите на природната светлина. Осветлувањето е клучот на добрата фотографија, а дневното светло ќе го искористите најдобро ако фотографирате од прозорот кон собата со тргнати пердиња.
https://instagram.com/p/BmtJW_ugg8i/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Фотографијата фокусирајте ја само на еден агол, не на цела соба
Како што подобро и поверодостојно би ги докажале вашите декоративни способности, фокусирајте се на само одреден простор од вашата соба кој раскажува интересна приказна. Воедно ќе добиете уметничка фотографија и полно комплименти за добро завршената работа.
https://www.instagram.com/p/BmvMGWbH3-0/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Не занемарувајте ја моќта на цвеќињата
Цвеќињата и растенијата ќе внесат ведрина во секо простор и ќе ги истакнат и вашите фотографии. Затоа ускладете ги со останатите декоративни додатоци и допуштете да ја имаат главната улога во вашата фотографија
https://instagram.com/p/BixKrKHnCjv/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Користете апликации
Ако сакате светлината и боите да ги истакнете подобро, тогаш користете апликации како што е „VSCO“. Таа е бесплата, а има се што ви е потребно за една генијална инстаграм фотка на која би и аплаудирале и професионалците.