Па и не изгледа толку лошо како што си мислевме …
Не сме го гледале, но филмот подигна голема прашина, па решивме да го споделиме трејлерот, иако на прв поглед и не ни изгледа баш толку лош колку што си мислевме. Е сега, дали отвора некои рани или не, и на кој начин го прави тоа (на уметнички или како пропаганда) ќе кажеме откако ќе го изгледаме целиот филм, но она што со сигурност можеме да го кажеме е дека музиката во филмот е топ.
Инаку, на церемонијата за свеченото затворање на 42-то издание на Меѓународниот филмски фестивал што неодамна се случи во Монтреал, на филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи му беше доделена единствената награда за иновативност. Филмот ја имаше својата светска премиера на 30 август во Монтреал, а на затворањето му беше доделена наградата за иновативност. Бојаџи му се заблагодари на жирито за доделената награда. Филмот предизвика реакции во Македонија, меѓу кои и на министерот за култура, чија забелешка беше и дека, како што рече, војниците на ОНА биле претставени како насилници и силувачи.