Кариерата ја започна како пејачка.
Потоа се омажи за Тони Бијелиќ кој живее во Австрија и е успешен бизнисмен. Тие денес живеат заедно во луксуз од кој боли глава.
Ова лето уживаа во Монте Карло. Таа заедно со сопругот и децата Мануел и Марко заминаа на крстарење. Од Џенова преку Рим, Палермо, Сардинија, Палма де Мајорка, Валенсија, Марсеј па назад во Џенова.
Тие се членови на Вип јахтинг клуб, па на луксузната јахта имаат свој батлер, се бањаат во одвоени базени и имаат посебен излез. Кога се на копно Драгана се шета низ клубовите во кои е сместена светската елита.
https://www.instagram.com/p/Blqbk8dgriB/?taken-by=dragana_mirkovic
Во нејзино друштво ова лето се најде и светски познатиот креатор Филип Плејн чии модели познатата пејачка обожава да ги носи.
https://www.instagram.com/p/BddWRAPgihr/
А ова е сопругот на Драгана. Тие во Австрија живеат во раскошен дворец, целосно опремен по нејзина желба, а важно е да се знае уште еден детаљ од нивниот живот. Имено, галантниот Бјелиќ целиот свој имот го препиша на својата сопруга – да се знае кој е главен во куќата.