Некогашната македонска „Гранд ѕвезда“ очекува бебенце – свадбата следната година, со приновата (фото)
Младиот пејач наскоро ќе стане татко
Некогашниот натпреварува во Ѕвездите на Гранд, Александар Темелков (23), ги израдува своите следбеници на Инстаграм
Младиот велешанец кого публиката го запозна по неговите генијални настапи во популарното шоу и кој денес веќе има неколку фолк-песни зад себе, откри дека наскоро ќе се оствари во улога на татко.
Тој сподели заедничка фотографија со саканата Сара, а под која откри дека го очекуваат нивното прво бебе.
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
„Почитувани фанови и пријатели, наскоро јас и мојата вереница ќе станеме родители“, напиша тој под заедничката фотографија.
Фото: Принткрин/ Ѕвездите на Гранд
Како што дознаваме, Александар и Сара се подолго време заедно, а младиот пејач ја запроси во јуни месец оваа година.
Фото: Принткрин/ Ѕвездите на Гранд
Следниот месец планираат да направат регистрација, додека свадбата ја планираат за следната година.
„Свадба планираме, здравје, следната година, заедно со бебенцето“, ни изјави некогашната Гранд ѕвезда од нашата земја.
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
На фотографијата тој блеска покрај својата сакана, која е во блажена состојба и му е голема поддршка во она што го работи.
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Во продолжение погледнете и како тој изгледаше на грандиозната сцена во „Ѕвездите на Гранд“…