Некогаш вака се одело на одмор – Ребека сподели фотографија која ќе ве врати во детството
Македонската пејачка сподели ретро фотографија со која ги воодушеви фановите.

Ребека покажа и од кој ја наследила убавината.
Пејачката Ребека Јанковска Ристески е една од најдобрите пејачки на нашата естрада, сопственичка на неколку евергрини.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Кон крајот на 90-тите таа беше една од најпопуларните и најуспешни поп-пејачки во Македонија.
Нејзините видео-записи беа буквално пред времето и изгледаат актуелно и модерно и сега.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Од 2006 година е во брак со нејзиниот сопруг, докторот Мики Ристовски. Плод на нивната љубов, се нивните тројца синови, Маркијан, Доротеј и Макариј.
И во работата и во приватниот живот, нејзина најголема поддршка е нејзиното семејство.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Исклучително е блиска со својата мајка и нејзината сестра Хелена Роза.
Мора да се признае дека убавината во нивното семејство е наследна.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Хелена и Ребека убавината ја наследиле од нивната мајка Роза, која отсекогаш важела за дама со стил.
Роза Јанковска – Катиновска целиот свој работен век, го поминала во поранешна Радио Телевизија Скопје, подцна МРТ.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Таа работела како Уредник/Сценарист во училишната редакција и важела за голем професионалец.
Ребека сподели ретро фотографија од неа и нејзината мајка подготвени да одат на летување со своето натоварено Фиќо.
„Ех, да знаеле моите во ова време дека вака ќе биде во Македонија, ќе си продолжеле со фиќото накај Словенија, па и погоре“, напиша Ребека во опи на фотографијата.