Незаборевен ден за семејството Ристовски: Мир, вера и благодарност на Бога, ова место им остана во срцето!
Ракометниот голман каде тој и неговото семејство го пронаоѓаат мирот и спокојот.

Голманот на македонската ракометна репрезентациија Борко Ристовски многупати за медиумите има изјавено дека токму емејството е неговата најголема поддршка.
Тој и неговата сопруга Нина се доста активни и на социјалните мрежи, а по нивните објави може да се заклучи дека се трудат своите деца да ги научат на вистинските морални вредности.

Секој слободен момент Ритовски го поминуваат заедно и честопати заедно со своите деца знаат и да отпатуваат.
Круна на нивната љубов се синот Душан и малата Анастасија, која се роди годинава.

Со две мали деца во домот не е воопшто лесно, но умее да биде и забавно.
Како што изјави во едно свое интервју, воопшто не му е тешко да ѝ помогне на сопругата околу воспитувањето и одгледувањето на децата. Со Душан често оди во парк, на Водно, го води во кино, но знае да смени и пелена ако треба.

Ракометарот на својот Интаграм профил сподели семејна фотографија и покажа каде тие го наоѓаат мирот.
Како што напиша во описот, заедно со сопругата и децата поминале незаборавен ден во Бигорскиот манастир.
„Незаборавен ден исполнет со мир,вера и љубов“, напиша тој.

ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Инстаграм