Незаборавни детали од свадбата на една од најубавите новинарки во МАКЕДОНИЈА – венчаницата и тортата се посебна приказна!
Прекрасна невеста!
Една од нашите најпознати и најубави новинарки Јана Серафимова го кажа своето судбоносно „да“.
Социјалните мрежи деновиве беа преплавени со фотографии од свадбата на познатата македонска новинарка Јана Серафимова која се омажи со својот избраник Горан Петровски.
Преубава фотографија објави и Никола Серафимов, братот на Јана, кој игра за македонската фудбалска репрезентација.
„Мојот свет“, напиша тој на фотографијата на која што ја бакнува својата сестра во образот и додаде едно срценце.
Јана за најважниот и најубавиот ден во својот живот избра преубава венчаница со потписот на македонската модна креаторка Антонија Ристовска.
Во прашање е поприлично смела креација зачинета со длабок шлиц и раскошна тантела во горниот дел, а која совршено се вклопи со елегантните сандали со високи потпетици и со преубава руса коса на Јана.
Младенците блескаа од среќа, а целата венчавка помина според македонските традиционални обичаи.
На свадбата присуствуваа многу познати новинари и водителки, а Јана не ја тргаше насмевката и цело време блескаше.
„Среќа е кога најубавите моменти во животот ги делиш со фамилијата и вистинските пријатели! Фала ви наши драги луѓе што ни ја направивте најубавата журка вчера. Сите бевте прекрасни, срцето ни е полно, најбогати сме што ве имаме и најмногу ве сакаме! Сите бевте прекрасни, срцето ни е полно, најбогати сме што ве имаме и најмногу ве сакаме! Бидете здрави и живи, журката не заврши, имаме сигурно уште многу за славење, играње и пеење заедно“, напиша Јана под објавата што ја сподели на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова
Фото: Принтскрин/ Јана Серафимова