Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за период 12 – 18 октомври, 2015

Реклама

12oktkocka0 

Хороскопски хумор за почеток на оваа астролошка недела:

Прашање: Кое милениче би сакале да го имате? Куче или маче?

Маркетинг

Вага: Хм, добро прашање. Од една страна, кучето е активно, приврзано и друштвено. Од друга страна, мачката е прилично независна и не бара поголемо време и внимание. О, не знам. Не можам да се одлучам. Што би направиле вие? Дали сте сигурни?

Маркетинг

Хороскопски хумор за почеток на оваа астролошка недела:

Прашање: Кое милениче би сакале да го имате? Куче или маче?

Вага: Хм, добро прашање. Од една страна, кучето е активно, приврзано и друштвено. Од друга страна, мачката е прилично независна и не бара поголемо време и внимание. О, не знам. Не можам да се одлучам. Што би направиле вие? Дали сте сигурни?

(Вагата е паметна и има способност да ги премерува добрите и лошите страни на било што, но неодлучноста победува кога треба да направи избор и од само две нешта. Затоа, најдобро е да не оставате таа да избира!)

3d star

Овен (21 март – 20 април)

12oktoven

Оваа недела ќе имате важен разговор со машко лице, веројатно во знакот на Близнаци, Водолија или Вага. Причината за овој разговор е многу важна за него и, до одреден степен, и за вас исто така. Ќе добиете интересна понуда од некого; таа ќе биде од личен или професионален карактер.

На финансиски план очекувајте финализирање на семејниот буџет, трансфер на пари на ваша сметка, приходи од работа или од други лица од вашиот дом/семејство. Ако се наоѓате во процес на продажба на имот, ќе бидете воодушевени од исходот.

Ви претстои сериозно размислување за нејасни, збунувачки и малку лицемерни акции и коментари на жена над 35 години. Ќе се обидете да дознаете што се крие зад нејзините постапки и дали тие се добри за вас или се против вас.

 

Бик (21 април – 20 мај)

12oktbik

Оваа недела некој друг или вие лично ќе донесе радост во вашиот дом со стекнување имот, купување или подарок. Можеби тоа ќе биде томбола, лотарија и слично. Може да најдете заборавен или изгубен предмет, ваша или нечија туѓа сопственост.

Ова ќе биде недела која ќе ви овозможи да решите проблем или ситуација или да ги подобрите односите искомплицирани од минатото. Ќе ставите крај на некои проблеми за што ќе ја добиете потребната помош или разбирање.

За младите лица од машки пол неделава може да биде важна поради испит, настап пред публика, интервју за нова работа, итн. Ќе треба да завршите некоја работа во државни органи, судство, банки, даночни или други институции.

Лице од машки пол ќе ви дојде на гости, но ќе дојде по работа, а не само како гостин.

 

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

12oktbliznaci

Ако имате дете родено во знакот на Риби, Шкорпија или Рак, ќе се соочите со недоразбирање, несогласување во желбите и приоритетите, емоционални проблеми или со други силни емоции. Ако се потпирате на одредена помош од дете или внук можеби ќе бидете разочарани или работите нема да одат како што очекувате.

Ќе имате конфликт со лице во знакот на Јарец, Бик или Девица, којшто може да се продлабочи и да доведе до непријатност во несакан правец. Оваа недела избегнувајте конфликти, прво затоа што тие не се типични за вас, а второ поради тоа што ќе донесат негативни последици.

Ќе добиете лоши вести поврзани со некој роднина или со распаѓање на брак на луѓе кои ги знаете.

 

Рак (21 јуни – 20 јули)

12oktrak

Оваа недела вашите очекувања ќе бидат поврзани со телефонски разговори со луѓе надалеку и блиску, со важна преписка или документи кои ќе ја одредат иднината на вашите планови. Постои шанса за патување, што може да е поврзано со претходни очекувања и ставови.

Неочекувано, ќе добиете вести поврзани со сериозен здравствен проблем на некој близок.

Може да се појават грижи што ќе произлезат од договор или документ што ќе го добиете. Ако постои задоцнување, не паничете. Има причина за тоа, а таа нема да биде на ваша штета.

Причината за собирање или прослава ќе биде поврзана со млада жена.
Ново познанство и нови состаноци ќе им донесат силни и позитивни емоции на момите/беќарите-Рак.

 

Лав (21 јули – 21 август)

12oktlav

Оваа недела најверојатно ќе откриете нешто неочекувано, ќе дознаете за илузија или измама со која сте живееле во последниот период и која може да влијае врз вашиот личен и професионален живот. Само по себе, овој настан не носи загуба, но емотивно ќе треба да се справите со нешто што носи тешки емоции.

Лоша вест може да добиете или ќе има настан поврзан со жена или жени.
Разделба од жена може да се случи поради неможноста одредени околности во вашата врска да продолжат и во иднина.

Оваа недела може да ве воодушеви поради добивање пари, финансиски документи (вклучувајќи кредит). Во некои случаи може да добиете пари од лице во знакот на Јарец, Бик или Девица.

 

Девица (22 август – 22 септември)

12oktdevica

Оваа недела може да очекувате поголеми трошоци, исплати и воопшто сериозни пречекорувања на трошоците. Чувајте ги вашите финансиски документи и вашиот паричник подалеку од очите на другите или од губење на јавен простор.

Има шанса за заживување на стари идеи и планови коишто го вклучуваат вашето семејство. Тие ќе се земат во предвид и ќе има разговори за нивна реализација кога околностите ќе бидат поповолни. Следува повторно обединување на семејството, по период на разделба.

Вашите пријатели ќе ве израдуваат со вести дека вие сте некако поврзани со нивен неочекуван успех, среќа, напредок. Ќе добиете покана за дружење со пријатели, каде што може да размените корисни и интересни информации.

 

Вага (23 септември – 22 октомври)

12oktvaga

Оваа недела ќе ве воодушеви со некои позитивни промени на вашата работа, со шанса да ги покажете вашите способности или да реализирате една од вашите идеи. Ќе имате заштита или успех во работата/бизнисот преку учество или заштита од лице во знакот на Риби, Шкорпија или Рак.

Може да доживеете навреда, да имате спор или конфликт со лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Разликите помеѓу вас двајцата може ќе излезат на површина што може да резултира со несакана конфронтација.

Проблемите со лице во знакот на Стрелец, Лав или Овен нема да ве изненадат, бидејќи долго време разни настани ви покажуваат дека вашата врска минува низ некој вид на стрес или притисок.

 

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)

12oktskorpija

Оваа недела ќе биде поволна за патување, во најголем дел од задоволство, за посета на роднини или пријатели. Патувањето за мажи до 35-годишна возраст ќе биде важно за нивната иднина, поради некоја причина. Многу е веројатно дека ќе се запознаете или сретне некој од друго место на живеење кој ќе дојде со одредена цел.

Ова ќе биде поволна недела за купувања мебел, апарати за домаќинство и за промени во ентериерот на вашиот дом, односно за секакви промени и иновации поврзани со домот. Веројатни настани може да вклучат купување или преселба/ сместување во нов дом.

Можни здравствени проблеми на дете од машки пол.

 

Стрелец (23 ноември – 21 декември)

12oktstrelec

Настаните поврзани со машко лице од вашето семејство или професионалната средина ќе бидат основа за ваши најважни планови и активности во текот на неделата. Ќе имате финансиска поврзаност со машко лице.

Многумина ќе ги ценат парите што ќе дојдат од друго место или можноста да патуваат далеку. Ова ќе биде поволно време за средување на документи или за патување поврзано со работа во друг град или држава.

Жените-Стрелци ќе преземат чекори во врска со преместување во друго училиште, друга работа или позиција.

Можно е да отсуствувате од работа поради важни императивни причини.

 

Јарец (22 декември – 20 јануари)

12oktjarec

Ова ќе биде недела во која ќе стекнете поинакво домаќинство или документи за сопственост на имот и тоа ќе биде проследено со позитивни емоции. Дури и ако постои напнатост, таа ќе биде поради поголема одговорност или поврзаност на настаните.

Гест на внимание или подарок ќе дојде од лице родено во знакот на Близнаци, Водолија или Вага.

Конфликт ќе се развие со дете и ќе биде поврзан со неговите пријатели, ставови, комуникација. Проблеми во љубовна врска или во бракот ќе се појават во животот на вашето дете. Можно е да се влезете во конфликт со некој друг, а тоа може да биде поврзано со вашето дете.

Поволно влијание врз вашиот живот ќе се развие од жена родена во знак на Бик, Девица или Јарец.

Жените- Јарци ќе бидат во можност да остават добар впечаток, да настапат добро во јавноста и меѓу непознати или луѓе кои имаат предрасуди кон нив.

Водолија (21 јануари – 19 февруари)

12oktvodolija

Ова ќе биде малку тешка недела за вас првенствено, поради поголеми домашни грижи и обврски. Проблемите дома ве чекаат да ги решите. Ќе имате повеќе одговорности кон најблиските и други.

Може да се појават проблеми од финансиска природа поврзани со едно лице во знакот на Лав, Стрелец или Овен. Тешкотии и пречки може да се појават при добивање пари преку документ, банка или преку друго лице.

Здравствените проблеми ќе бидат потсетник дека мора да преземете потребни мерки. Одбегнувајте тензија и обидете се да мислите позитивно за сложените или емоционалните ситуации во текот на неделава.

Можеби ќе треба да помогнете во ситуација што вклучува син, внук и слично.

 

Риби (20 февруари – 20 март)

12oktribi

Во текот на неделата ќе имате контакти со роднини, коишто може да бидат поврзани со претстојно семејно соединување или решавање на важни прашања и проблеми од семејна природа. За некои Риби ќе има можен почеток или крај на постапка за развод или други судски процеси од семејна природа.

Неочекуван повик може да добиете за средба или собир. Постои веројатност за неочекувана потреба да изготвите документ, договор или спогодба.

Во текот на неделава ќе бидете во можност да ги расчистите сомнежите или недовербата поврзани со одредени постапки на лице од вашиот круг на пријатели. Ќе откриете дека сте имале погрешна идеја за некои настани.

 

Големиот месечен хороскоп за октомври ве чека овде.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button