Неда Украден и во седмата деценија од животот изгледа феноменално – обожавателите не можат да поверуваат дека е 100% природна
Неда презентираше вистински доказ дека годините не и можат ништо, а нејзината фотографија ги воодушеви сите.
Познатата фолк-пејачка отпатува за Малдивите да ги наполни батериите, па објави неколку фотографии на кои позира во костим за капење. Таа не го крие своето убаво тело, и иако има 68 години, изгледа феноменално.
„Колку е добро летото во средина на зимата”, напиша Неда под фотографијата на која позира во едноделен костим за капење, па следуваше лавина од комплименти од обожавателите, а некои и порачаа дека изгледа како сирена.
Иако самата има изјавено дека не сака да биде на одмор повеќе од три дена, затоа што и станува досадно, овој пат, на оваа егзотична дестинација реши да остане подолго. Од снегот и ниските температури пејачката избега на Малдивите, каде овие денови ужива во сонцето и пред обожавателите позира во различни костими за капење
„Премалку денови ми останаа за овој рај. А тоа е, исто така, и името на мојата нова песна. Наскоро премиера“, напиша Неда под една од објавените фотографии.
https://www.instagram.com/p/BtLuVxPAjlH/
Пејачката импресионира со својата енергија и став за животот, а овој пат избра едноделен модел во розова боја со кој ја истакна нејзината фигура.
https://www.instagram.com/p/BtJFm2fgwzw/
Пејачката со која пораснаа многу генерации навистина е среќна поради тоа што и во седмата деценија од животот не треба да ги поправа своите фотографии во Фотошоп и може да се пофали со слики направени на плажа, исто како и нејзините помлади колешки. И тоа 100% природна, без никаква помош на естетската хирургија. Браво!