Неговата приказна ги расплака сите: Најпопуларниот јутубер од МАКЕДОНИЈА успеа да ја победи тешката бoлecт
Стефанатор овој пат објави позитивна вест
Најпопуларниот македонски јутјубер соопшти прекрасна вест на својот јутјуб канал и повторно ги воодушеви своите фанови.
Стефан Рашковиќ, во јавноста познат како Стефонатор е еден од првите (и најдобрите) јутјубери на македонската Јутјуб сцена, кој неуморно и посветено работи на својата кариера, а со самото тоа доаѓа и до големи успеси.
Иако јутјуб сцената не е толку развиена во Македонија, тој и Марко Марковиќ во јавноста познат како Џипи за кратко време успеаја да соберат голем број гледачи која ги следи и со нетрпение очекува ново видео.
Самото појавување во јавноста му донесе и нови можности.
Иако е прилично млад, може да се пофали со завидна кариера.
Напиша и книга, заедно со Џипи, насловена „Нашиот пат“, која за рекордно реме беше распродадена.
Младиот Стефан одлучи и да се проба во музиката.
Направи неколку песни кои еднаш беа прифатени од публиката и станаа големи хитови.
И тука не се завршува. Стефонатор на публиката и покажа уште еден талент. Има само 23 години, студент е на мултимедија и дизајн и веќе има завидна кариера зад себе.
Пејач, јутјубер, автор, а сега во својата биографија може да запише и дека имал можност да синхронизира филм.
Имено, Стефан е дел од екипата која го синхронизираше филмот „Хакер“, а глумеше и во една од епизодите на хит серијата „Преспав“.
Пред извесно време Стефан ја шокираше својата публика откако сподели дека се бори со тешка болecт.
Тој одлучи својата битка со болecта да ја сподели со фановите преку видео кое го објави на војот канал.
Стефан откри дека има ма тумор на тec-тиcите и раскажа како тече неговата борба.
„На 23 јули 2020 година, денот што јас никогаш нема да го заборавам, бев дијагностициран со тyмop. Во моето тело имаше две топчиња кои се многу штетни и не треба да бидат во моето тело“ – започна Стефан и кажа дека следниот чекор кој доктopите му го препорачале било опepaција:
„На 21 септември минатава година јас правев опepaција за едно од тие топчињата кои се штетни, за да се извади и се извади. Тоа второто што остана треба обично да се стопи со xeмотepaпија. Добра вест беше дека мојот тyмop е 99% излечив и дека нема од што да се плашам. Но, почнаа да доаѓаат тие xeмoтepaпиите. Крајот на октомври почнав на терапии со тоа што, една цела недела од понеделник до петок примаш xeмoтepaпија. Примив четири циклуси, завршив со xeмотepaпијата некаде околу 20 јануари“, кажа јутјуберот во своето искрено обраќање пред фановите.
Но, после неколку месеци битка со болеста, Стефан конечно има добри вести.
Тој низ солзи раскажа што му се случувало изминатите месеци додека бил на лекување и ги чекал резултатите.
„Ова е сликата што ја им ја пратив на најблиските после првата операција. Вака насмеан ќе ја поминам и втората. Ќе пробам да вратам на што повеќе пораки, но ќе биде невозможно да вратам на сите. Затоа еве тука – фала ви. Ми значи секој збор. Уште само еден чекор. Ве сака Стефан“, пишува под една фотографија што тој неодамна ја објави на социјалните мрежи.
„Уште немам проговорено три збора, а ми идат солзи на очи. Стварно не знам, ќе пробам да зборам, па што биде нека биде. Ова е продолжение на видеото кое претпоставувам дека сите го знаете. Последно знаете дека снимањата по xeмотepaпијата покажаа дека постои нешто активно во мене и дека јас морам да правам втора опepaција. Направив едно видео во кое кажав дека направив опepaција, јас закрепнав доста брзо, па се чекаше пaтoлошкиот наод кој ќе покаже дали постојат било какви клетки кои укажуваат на тyмop.
Овој пат се покажа дека не постојат такви клетки, чекав да направам уште едно финално испитување. Како најрелевантна снимка да ми покаже дали стварно можам да седнам и да го снимам ова видео. Имав резултати завчера што ми кажаа дека сум излечен. Знам дека треба во моментов многу да славам и се радувам. Ова се солзи радосници“, вели Стефан во видеото во кое што зборува за неговата здравствена состојба.
Тој од сето ова излезе како победник, но и како вистински пример и мотив за сите оние кои се борат со некаква болест. Вебрата, мотивот и волјата сепак водат кон победа.
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
Фото: Принтскрин
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
ФОТО: Стефан Рашковиќ / Инстаграм
Фото: Принтскрин