Невестата остана шокриана кога виде во што дојде на свадбата мајката на нејзиниот сопруг
Еми Пенза на Твитер сподели фотографија од својата свадба, а кога ќе видите како се облекла нејзината свекрва ништо нема да ви биде јасно.
Невестата објасни дека нејзината свекрва пораснала во таква сиромаштија што како дете морала да ги кине фосфорните врвови од шкорчињата и да ги јаде. Таа призна дека мајката на нејзиниот сопруг има неверојатни методи за штедење, на кои целото семејство и се смее.
Па така кога видела венчаница на неверојатен попуст, решила да ја купи, иако денес и е жал што ја засенила Еми.
„Таа е супер баба и не пропушта ни еден концерт, натпревар или утакмица на своите внуци, и за нив би одела и низ оган. Им дава сé бидејќи самата пораснала без ништо во животот.
My mother-in-law wore a wedding dress to my wedding. So, yeah, top that one, Twitter. #weddingfail @jimmyfallon pic.twitter.com/IjqvnXT6Ps
— Amy Pennza (@AmyPennza) June 19, 2019
Еми признава дека била шокирана кога ја видела во венчаница на својата свадба, но тоа и обезбедило вистински спомени.
„Никој на свадбата тоа сигурно не го заборави, а морате да признаете дека не се сите свадби за паметење. Да, носеше венчаница на мојата свадба, но и те како се искупи за тoa. А кога и кажав дека мојот пост на Твитер предизвика огромно внимание, и дека се плашам дека можеби сум ја повредила, таа само одмавна со рацете“, изјави Еми.