Реклама
Вирално

НЕВЕРОЈАТНА фотографија-ИСУС ја „држи“ месечината во раце!

По три години бразилскиот фотограф конечно го овековечил посакуваниот момент

Реклама

Бразилскиот фотограф, Леонардо Сенс, конечно ја направил долго посакуваната фотографија од статуата на Спасителот Исус Христос, како со двете раце ја држи месечината, пренесува „Дејли меил“.

Најпосле сè излезе под најдобар ред, „коцките се наместија“ и јас имав, конечно можност да го овековечам моментот што долго го посакував, изјави Сенс за бразилските медиуми.

Овој уметник се мачел цели три години за да го постигне посакуваниот ефект.

Маркетинг

Оваа фотогарфија Сенс ја овековечил во неделата во Рио де Жанеиро,  поточно на плажата Икараи , која е одалечена 11 километри од познатата статуа.

фото/ принтскрин Дејли меил

Виралната фотографија ја прикажува речиси 30 метри високата статуа на Исус издигната на планината Корковадо  во националниот парк Тијука. Моментот плени и не го остава никого рамнодушен, се чини како Божјиот човек со двете раце да го држи месечевиот „портокал“.

Маркетинг

Сенс направил безброј обиди во последните три години, па така и претходниот ден, во саботата го „наострил “објективот пред посакуваната цел, но облаците ја покриле месечината и морал да ја спакува опремата и да се врати дома.Секако, тоа не го натерало да се откаже.

фото/ принтскрин Дејли меил

Пристигнал во неделата, но и тогаш  не било се’ како што очекувал, временските услови му ги промениле плановите.

Отидов многу рано пред месечината да зајде, се наместив и го чекав вистинскиот момент, морав неколку пати да се поместувам.

Откако ја објави сликата на Инстаграм таа стана вирална на светско ниво, од секунда во секунда се множат лајковите и прекрасните коменатри.

фото / Инстагарам

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝐋𝐄𝐎𝐍𝐀𝐑𝐃𝐎 𝐒𝐄𝐍𝐒 📷 (@leosens)

Како ви се допаѓа на вас ова уметничко дело?

фото / Инстагарам

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button