Неверојатна трансформација на Милена од Канал – ќе се воодушевите, жена која не пати од комплекси!
Познатата водителка знае како да ги изненади своите следбеници
Новото издание на водителката ги воодушеви сите
Нашата позната водителка, Милена Антовска-Станковска, во последно време се повеќе привлекува внимание и со својот стил.
Имено, водителката често ги објавува своите аутфити, но и фризури, а нејзините изданија им се инспирација на многу дами.
Од друга страна Милена е и една од ретките познати дами кои не ги крие и своите несовршености, па така во една пригода, објавувајќи фотографија во костим за капење, по бременоста, таа отворено зборуваше за својот изглед, но и за сите недостатоци со кои што се соочуваат жените.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
„Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку:) напиша тогаш Милена, па го додаде и следново:
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
„Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика. Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите“, напиша водителката тогаш во описот на фотографиите со кои ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
А тоа дека не пати од комплекси, Милена го покажа и сега, кога објави снимка на која се гледа пред и по целосен третман на лицето и косата.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Имено, водителката ги изненади сите покажувајќи како изгледа кога не е средена, додека седи на столчето кај својот фризер, а со драстичната промена што следуваше никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Милена едноставно плени со својот природен шарм и самодоверба, а од нејзините фотографии на Инстаграм, без разлика дали станува збор за елегантни изданија за пред камерите или во приватниот живот, можеме да видиме дека водителката не се плаши од промени и секогаш знае како да заблеска во полн сјај.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
А дека тоа е така уверете се и сами во продолжение: