Реклама
Фитнес

Неверојатна трансформација, а изгубила само 2.5 килограми, и тоа за повеќе од 10 години

Реклама

Фитнес инфлуенсерката Ана Викторија во последните 11 години целосно го трансформирала своето тело, а истовремено тежината ја намалила за само 2.5 килограми. Оваа 30-годишната девојка се придружи на предизвикот # 10yearschallenge на Инстаграм и објави две фотографии со кои го спореди својот изглед од 2007 и 2018 година.

Таа и на двете фотографии позира во бикини но 11 години подоцна може да се пофали со многу подобра форма на телото. „Порано се журкав, јадев брза храна, не влегував во теретана, речиси едвај пиев вода, спиев лошо и имав дигестивни проблеми поради лошите навики во исхраната”, напиша таа и објаснува дека денес ситуацијата е многу поразлична.

Маркетинг

„Понекогаш, јас уживам во чаша вино, го следам планот 80:20, вежбам поради ментално, емоционално и физичко здравје, пијам од три до четири литри вода на ден, спиење е мојот приоритет, немам повеќе дигестивни проблеми”, вели Викторија и додава дека благодарение на нејзината трансформација денес има преку 1, 3 милиони следбеници на својот профил на Инстаграм кои постојано ги инспирира со својот здрав начин на живот.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BsqYz_NjAtl/?utm_source=ig_embed

 

„Иако разликата во тежината не е голема, а мојата трансформација во главно беше фокусирана на здравјето, јас сум горда на мојата физичка промена. Имам само двa и пол килограми разлика на овие две фотографии. И покрај сето ова, јас се сакав и во 2007 година. Без разлика на тоа колку килограми имав тогаш, никогаш не дозволив тоа да влијае на мојата вредност “, заклучи таа.

https://www.instagram.com/p/BrNngv-hPrx/?utm_source=ig_embed

 

Викторија денес е тренер и нутриционист, нешто што веројатно пред десет години не го ни сонувала.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button