Неверојатна сличност со родителите – погледнете како денес изгледаат близнаците на Анџелина Џоли и Бред Пит (фото)
Неверојатна сличност со родителите
Кога не е зафатена со своите обврски, Анџелина Џоли своето слободно време максимално го посветува на своите деца. Таа ги носи на филмски премиери, се шетаат заедно низ паркови, одат на шопинг, посетуваат музеи….
Но овој пат нејзините близнаци Вивиен и Нокс беа фотографирани без неа, додека беа на посета во еден „пет шоп“. Близнаците беа заедно со неколку членови од обезбедувањето.
Џоли неодамна во едно интервју откри дека е многу горда на нивниот однос и на тоа колку тие еден со друг се поддржуваат.
Инаку, Вивиен и Нокс неверојатно личат на своите родители, и тоа како да го имаат наследено само најубавото од нив.
На прашањето како ја воспитува својата ќерка, Анџелина вели:
„Секогаш можеш да облечеш убав фустан, но не е важно што имаш однадвор ако твојот ум не е силен. Ништо не е поатрактивно од независна жена со сопствено мислење“.