Бергузар Корел и Халит Ергенч важат за еден од омилените турски парови.
фото инстаграм/Бергузар Корел
Неодамна актерката ја сподели тајната на витката линија и откри како успеале да ослабат без да се откажат од исхраната.
фото инстаграм/Бергузар Корел
За потребите на една серија во која глуми војник заробен за време на балканските војни, тој морал да ги изгуби вишокот килограми.
фото инстаграм/Бергузар Корел
Оваа предизвикувачка ситуација бараше промена на исхраната а Бергузар беше најголeмата поддршката на нејзиниот сопруг.
фото инстаграм/Бергузар Корел
Бергузар смислила план за исхрана кој вклучувал сиров зеленчук, полуварено месо и исфрлање на шеќерот, глутенот и млечните производи од нивната исхрана.
фото инстаграм/Бергузар Корел
Халит Ергенч решително пристапи кон овој план и по месец и половина успеа да ослаби импресивни 14 килограми, додека Бергузар ослабе 7 килограми. За време на напорните денови на снимањето, актерот најчесто конзумирал ѓумбир, зелена јаболка, моркови, цвекло, спанаќ, целер, пијалак од тиква и салата од киноа.
фото инстаграм/Бергузар Корел
Кога станува збор за пијалоците, неговиот избор бил лимонада или смути.
фото инстаграм/Бергузар Корел
И покрај строгите диети, познатиот турски пар не се откажа целосно од слатките, туку внимателно ги избираше. Често уживаа во десерти од нане, портокал, какао и урми. Ова сведочи за нивната посветеност на работата и подготвеноста да се прилагодат на барањата на нивните улоги, со цел да обезбедат најдобра можна изведба.
фото инстаграм/Бергузар Корел
Она што неодамна ја изненади публиката е и тоа што Бергузар го смени својот имиџ и сега е русокоса.
фото инстаграм/Бергузар Корел
Имено, актерката се одлучила за поинаков изглед по повод новата улога во серијата, а за таа прилика ја обоила косата па сега е русокоса.
фото инстаграм/Бергузар Корел