Неверојатна приказна за две кучиња – Кико и Вотсон. Едното има рак, а неговото братче постојано внимава на него (фото)
Кико има рак па му ја ампутираа предната нога
Но Кико има брат Вотсон кој постојано внимава на него, го гушка, се игра со него, го бакнува. Ќе се воодушевите од нивната поврзаност.
Кико и неговиот брат Вотсон живеат во Америка, а станаа популарни благодарение на емотивните пораки што ги објавуваше на социјалните мрежи девојката што ги чува. Вотсон чувствува дека неговиот брат Кико е болен и постојано сака да му го разубави животот.
Кико мораше да оди на операција на која мораа да му ја ампутираат предната нога заради опасната болест.
Но додека тој се бори со тешката болест, неговиот брат Вотсон постојано го гушка, го тера да си играат, спие припиен за него.
Од неодамна во нивната заедница имаат уште еден член – им дојде дојде црна кучка која е спасена од улица.
И двајцата веднаш ја прифатија како да се познаваат со години.