Нивните фанови се изненадени од овој потег на фудбалерот.
Имено, приказната околу спорот помеѓу Карлеуша и нејзиниот поранешен љубовник Огњен Врањеш добива потполно поинаков тек.
Како што пренесуваат српските медиуми, Јелена и Огњен имале закажано судско рочиште, но на истото не се појавил ниту еден од нив. Како што неофицијално објави српскиот Курир, причината за тоа била затоа што Огњен решил да ги повлече сите тужби против Карлеуша.
Наводно тој одлучил да се повлече од целата приказна и да стави точка на судењето, и во прашање не е никаква спогодба.
Поради кои причини Врањеш одлучи да направи ваков чекор и да се повлече од судењето се уште не е познато.
Инаку, босанскиот фудбалер неодамна се разведе од својата сопруга Данијела. Тие решија да стават тока на нивниот брачен живот откако во медиумите испловија „пикантните“ фотографии и пораки кои Карлеуша и тој наводно си ги испраќала преку социјалните мрежи.
Тие решија да стават точка на нивниот брак, па со договор, во присуство на адвокати, ја окончаа заедницата која и онака беше турбулентна. Тие имаат една ќерка, поради која одлучија да останат во коректен однос, а се договорија спортистот да и плаќа алиментација од 3000 евра.
Како што пренесуваат српските медиуми, Огњен поминал низ пекол откако во медиумите како бомба одекна веста со Карлеуша. Тој остана без својата сопруга, беше исфрлен од репрезентацијата, а мораше да го напушти и фудбалскиот клуб во кој во тоа време играше.
Но сега работите повторно се враќаат во нормала. Игра за неговиот омилен клуб, АЕК, репрезентацијата сака повторно да игра за нив и со сопругата е во многу подобар однос сега откако повеќе и официјално не се заедно.
Покрај тоа гради и подобар живот во Грција, а ќерката нон-стоп го посетува и за сега сé е во најдобар ред.