Реклама
Наши ѕвезди

Неа до сега не сте ја виделе – Марјан Коцев ја покажа сопругата, честитки пристигаат од сите страни

Конечно радости во домот на Марјан Коцев кој на овој важен датум го покажа своето најголемо богатство

Реклама

Ова е посебен ден за нашиот познат пејач

Познатиот фолк-пејач Марјан Kоцев неодамна во интервју за Гламур Магазин откри дека последните неколку години не беа баш најдобри за него. Како што потенцираше тогаш, местото кое што најмногу го посетуваше беше државната болница (види тука), а потоа го погоди и загубата на неговиот татко.

„Лоша епизода во мојот живот… Болката е преголема… Не се опишува! А времето не можеме да го вратиме… Песни се создаваат и во среќа и од болка! БЕЗ ЕМОЦИИ НЕМА ПЕСНА!!!! Така да се надевам дека во периодот што следи ќе има нешто ново, нешто убаво“, изјави тогаш познатиот пејач во интервјуто за нашиот магазин.

Маркетинг

Тажна вест: Почина таткото на нашиот познат пејач – се збогуваше од него со зборови што кинат душа

Маркетинг
Фејсбук/ Марјан Коцев

И еве деновиве Марјан сподели една убава вест на својот Фејсбук, а причината за тоа за него навистина беше посебна.

Имено, тој го прослави својот 49-ти роденден, па објави заедничка фотографија со неговите најмили и ги израдува фановите.

Фејсбук/ Марјан Коцев

„Среќна нова 49-та напиша“ тој под фотографијата на која покрај него блескаа и неговата сопруга Биљана, како и децата Дуња и Данило.

Фејсбук/ Марјан Коцев

И бидејќи станува збор за еден од нашите најпознати фолк-пејачи, со голем број хитови зад себе, следуваа голем број честитки од пријателите и фановите, а сите беа воодушевени и од неговото идилично семејство кое секогаш привлекува внимание.

Воопшто не се сомневаме дека музичката ѕвезда најубавото изненадување го доби токму од нив, а во коментарите многу негови пријатели и обожаватели покрај тоа што му го честитаа роденденот, воодушевено ги коментира и неговите деца и убавината на неговата сопруга со која тој 15 години е во брак.

„Тоа е твоето богатство, секоја чест“, „Насмеани и среќни сите да сте“, „Прекрасно семејство, само убавини да ве следат“, беа само некои од коментарите што ги доби од фановите.

Фејсбук/ Марјан Коцев

Фејсбук/ Марјан Коцев

Фејсбук/ Марјан Коцев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button