НЕ СУМ ВИДЕЛА ВАКВО НЕШТО: Силјановска-Давкова РАЗОЧАРАНА од CV-то на новиот МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО
Никогаш во животов не сум видела покуси CV-ја, рече Силјановска Давкова, згора не се напишани воопшто според критериуми за CV-ја, додава таа.
Сите го споделуваат исечокот од Собрание каде пратеничката проф. Гордана Силјановска Давкова се обрати на говорницата анализирајќи ја биографијата на новиот министер за здравство Илир Демири., пренесува „Скопје 1“.
Никогаш во животов не сум видела покуси CV-ја, рече Силјановска Давкова, згора не се напишани воопшто според критериуми за CV-ја, додава таа.
Ќе чуете овде, ќе прочитам дека бил на обука за менаџмент, 2010, Загреб, Хрватска, ни од кога ни каде. Или обука за менаџмент во Лондон, Англија, ни каде, ни кога, ни колку долго.
Таа продолжи да го чита CV-то на техничкиот министер во кое стои дека е и советник за лица кои живеат со ХИВ/СИДА.
Си викам да не е тука основната причина, бидејќи таков политички промискуитет во историјатa немало како во оваа влада, pа можеби навистина е потребен екперт за СИДА.
Според професорката потребна е листа на непрегледни трудови, наместо тоа што го гледала пред себе, автор и ко-автор на голем број на стручни написи и други републикации.
– Мене не ми е јасно што значи ова – рече Силјановска Давкова во законодавниот дом.
За неа интерсно е што во делот каj јазиците наведено е дека Демири зборува на мајчин албански, на македоснки јазик, српски, англиски, ама без одреден степен на познавање на јазиците.