Не сте ја виделе во вакво жешко издание – македонската победничка го запали Балканот со овие фотографии
Студира тежок факултет, но знае и да ужива во животот
Целиот Балкан зборува за девојката од Македонија која самата за себе вели: „Тивка вода брег рони“
Славица Ангелова во „Ѕвездите на Гранд“ секогаш изгледаше елегантно, така што ретко имавме прилика да ја видиме во лежерно издание.
Но на нејзиниот профил на социјалните мрежи има фотографии на кои позира без грам шминка на лицето и во многу поопуштено издание.
На едната од нив Славица носи беж модел на костим за капење и бела кошула, а позира во поприлично занесно издание.
Таа на фотографиите не ја трга насмевката од своето лице, а сите се согласни дека изгледа неодоливо во вакво издание .
Исто така малкумина ја знаат и со кратка коса, но и како изгледаше кога пред шест години се натпреваруваше во „Некои нови клинци“.
Таа важи за скромна девојка која не сака многу да зборува за својот приватен живот, а сака тоа така и да остане.
„Не би зборувала за тоа. За тоа не смеам да зборувам. Важно е јас да сум среќна. Никого не треба да го интересира мојот приватен живот. За тоа нема никогаш да зборувам“, им одговори Славица на новинарите по триумфот во „Ѕвездите на Гранд“ кога ја прашаа дали е заљубена.
Славица зборуваше и за своите студии, а на прашањето дали ќе биде докторка или пејачка, таа дека голема страст и се и двете професии.
На сликите на социјалните мрежи исто така можат да се видат и фотографии од нејзината мајка која ѝ беше најголема поддршка во шоуто, но и од која таа ги наследила својот природен шарм и убавина.
Инаку Славица има 21 година и потекнува од Струмица.
Покрај пеењето таа е посветена и на своите студии кои и покрај обврските околу натпреварот воопшто не ги запостави.
Таа е многу добар студент по медицина, а во шоуто во кое што ја однесе победата беше во тимот на рокерот Ѓорѓе Давид.
За време на натпреварот изведуваше поп-рок музика и со секој свој настап знаеше да ја воодушеви и публиката и жирито.
Таа по победата на сцената славеше со македонското знаме, а триумфираше со речиси 90.000 гласови од публиката.
Идната докторка со оваа победа покрај титулата освои песна и спот, како и автомобил во вредност од 20.000 евра.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, Пинк
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова