Реклама
Вирално

Не се само старите во опасност. И оваа група на луѓе страдаат многу од коронавирусот – имаат само едно нешто заедничко

Реклама

Стапката на cмpтнocт покажува дека на секои 100,000 жители, корона вирусот досега погодил околу 23% од нив.

Статистиката во Велика Британија покажува дека етничките малцинства, особено црните луѓе, многу повеќе се засегнати од оваа болест и поголема е веројатноста за нив болеста да биде кобна откако ќе бидат заразени со вирусот.

Маркетинг

Ваквите оценки ги пренесуваат британските медиуми, врз основа на студија од Велика Британија. Во земјата во која етничката разновидност е многу пораспространета од друго место, податоците покажуваат дека луѓето кои не се белци, умиpaaт повеќе ако се заразат со корона вирусот.

Студијата се засноваше на базата на податоци на британскиот Национален здравствен систем и Националното биро за статистика. Стапката на cмpтнocт покажува дека на секои 100 000 жители, вирусот погодил 23% од „белите“ Британци, 27% од луѓето со азиско потекло и дури 43% од оние кои се со потекло од Африка.

Маркетинг

„Секој што тврди дека овој вирус не прави дискриминација, или не ги гледа броевите или не сака да ја признае вистината“, рече Тревор Филипс, поранешен шеф на Комитетот за човекови права. Тој беше замолен од владата на Велика Британија да анализира дали Ковид-19 влијае подеднакво или различно на граѓаните од различно етничко потекло.

Вирусот има најголемо влијание врз црната заедница и веројатно не е поврзан со расни прашања, туку со социјални.

Писателот од Шри Ланка, Амбалаванер Сиванандан, кој истовремено е и директор на Институтот за раси во Лондон, вели: „Денес линијата е боја на кожата, на сиромаштија. За жал, се чини дека тоа сè уште важи и во Велика Британија, како и во САД, каде податоците покажуваат огромна диспропорција меѓу cмpттa на белците и црнците.“

Овие податоци за луѓето со различна етничка припадност ги коментираше и градоначалникот на Лондон, Садик Кан, чие семејство е со потекло од Пакистан.

„Непријатна е вистината дека луѓето кои припаѓаат на етничките малцинства претежно живеат во сиромашни и пренатрупани станови, или во семејства каде повеќе генерации живеат под еден покрив“, рече тој.

Имунитет на стадото

Кога е во прашање колективниот имунитет, односно имунитетот на стадото, Српскиот алерголог д-р Саша Миличевиќ објаснува дека тој се развива кога најмалку 60 до 70 проценти од популацијата ќе стекне имунитет кај некоја болест. Ваквиот имунитет може да настане по природен пат, со заразување или со вакцинирање – што е многу подобар, поедноставен и побезбеден начин.

Тој наведе примери од одредени европски земји:

-Тоа што одредени земји како Шведска и Велика Британија се обидуваа да направат, е да дозволат одреден број луѓе да заразуваат и на тој начин населението да стекне имунитет зошто тогаш се смета дека тој вирус не може да пронајде лице кое би било осетливо и преку кое ќе се шири.

Алерголот рече дека овој вид имунитет сигурно веќе се развива во нашето опркужување и 80 отсто од заболените имаат многу благи или никави симптоми.

– Тоа се сите луѓе што не опкружуваат. Ние сакале или несакале постепено се изложуваме на вирусот. Тој процес може подолго да трае и ние не знаеме колку долго ќе трае зошто овој вирус не го познаваме доволно добро – рече тој и порача дека добро е што се воведени мерки за социјално дистанцирање, а не забрани за движење зошто тоа е вистински и подобар пат, заедно со другите мерки вирусот да се држи под контрола.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button