„Не се омажив за неговите пари“ – бракот на 76-годишниот тајкун со 43 години помладата манекенка се уште ги бранува злите духови

Едуардо Франциско Костантини, 76-годишен аргентински бизнисмен, неодамна се ожени со 30-годишната манекенка Елина Фернандез, а тоа се уште предизвикува бура од реакции пред се поради големата разлика во годините меѓу младенците.

Фото: Инстаграм
Семејството на 76-годишниот тајкун не го одобрува бракот со младата манекенка, но нивната врска станува се посилна.
Разликата во годините и финансиската состојба се главните причини за многубројните критики со кои секојдневно се соочуваат.
Оваа двојка со 43 години разлика и покрај острите критики, сака да докаже дека љубовта секогаш победува.


View this post on Instagram
Дури и седумте деца на милијардерот се сомневаат во намерите на убавата манекенка и ја критикуваат нивната врска.
Сите се убедени дека Елина ја интересира само богатството. И покрај тоа, Елина редовно објавува фотографии со милијардерот и пишува дека тој е љубовта на нејзиниот живот.
За време на интервју за еден странски магазин, по нивната венчавка, Елина изјавила дека нивните чувства се чисти, дека таа има „стара“ душа, а тој „млада“ и дека Едуардо има повеќе енергија од неа, па затоа едвај го следи во активностите .

Едуардо пак ја фали својата сопруга, восхитувајќи се на начинот на кој таа се справува со физичките, менталните и емоционалните предизвици.
Елина со години се занимава со манекенство и заработува многу пари. Милијардерот истакна дека е горд на достигнувањата на сопругата и дека ја поддржува во сите нејзини потфати.
Тие се запознале во музејот на Едуардо и се венчале по само девет месеци врска.





