Не се знае која е поубава: Џејла Рамовиќ заедно со сестрите ја прослави матурската, сите гледаа во овој детаљ на нејзиниот фустан
Детаљот на заедниот дел на фустанот ги воодушеви сите
Минатогодишната победничка во „Ѕвездите на Гранд“ Џејла Рамовиќ, во последно време не се појавуваше во јавноста заради своите школски обврски.
Таа беше решена да дипломира со својата генерација и успеа во тоа и покрај тоа што натпреварот во шоуто и одзеде доста време. Младата пејачка сепак успеа да не заостанува зад пријателите и овој викенд свечено ја прослави матурската заедно со својата генерација.
Погледнете како изгледаше:
На прославата и се придружија сестрите Шејла и Лејла.
Популарните сестри Рамовиќ неверојатно личат една на друга, а нивните фанови на социјалните мрежи не можат да одлучат која од нив е поубаво облечена.
Шејла и Лејла исто како и нивната сестра Џејла се надарени музички, но тие не се занимаваат со пеење.
Џејла која има 18 години е најмлада од нив и се одлучи за пејачка кариера, додека Шејла е на Факултет за информациони технологии во Сараево а Лејла на Економски факултет во Мостар. Шејла покрај студиите има и свој влог на Јутјуб на кој снима клипови за шминкање, мода и патувања.
Популарна е и нивната сестра Лејла која само на својот профил на Инстаграм има преку 160.000 фанови.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм