Не се експонира во медиумите – пејачката Анета објави фотографија од човекот без кого не може
Пејачката го покажа братот – не живее во Македонија, но тие и денес се мошне блиски
Пејачката Анета Љумаковска веќе со години е присутна на естрадата, а малкумина знаат дека има брат со кого е мошне приврзана.
Нејзиниот брат ретко се појавува во јавност, а пејачката деновиве на социјалните мрежи сподели една заедничка фотографија.
Имено, Анета на својот Инстаграм одлучи да сподели спомен со својот брат Борче и со оваа фотографија ги изненади сите.
Принтскрин/ Јутјуб
Инаку, Анета важи за една од нашите најпознати пејачки и веќе со години е присутна на нашата музичка сцена. Долго време настапуваше со групата „Молика“, заедно со поранешниот сопруг, но по разводот продолжи успешно со својата соло кариера и со својата дарба и вокални способности да го оправдува епитетот дека е една од нашите најдобри и најквалитетни пејачки.
Принтскрин/ Инстаграм, Анета Љумаковска
Таа денес е синоним за добар провод, а секоја нејзина нова песна станува хит и ги освојува срцата на публиката.
Принтскрин/ Инстаграм, Анета Љумаковска
Но и покрај нејзината голема популарност, за нејзиниот приватен живот се знае само онолку колку што таа ќе дозволи.
Принтскрин/ Инстаграм, Анета Љумаковска
Пејачката неодамна сподели и една фотографија од својата ќерка, кога многумина коментира дека личат една на друга.
Принтскрин/ Инстаграм, Анета Љумаковска
Што се однесува до нејзиниот брат, Љумаковска во една пригода за Гламур откри дека тој иако не живее тука, туку во Шведска, отсекогаш и бил најголема поддршка во животот.
Принтскрин/ Инстаграм, Анета Љумаковска
Тој е семеен човек и татко на две деца, а Анета не крие дека и денес за секоја своја одлука знае да се посоветува и со него.
Принтскрин/ Инстаграм, Анета Љумаковска
А за тоа колку и двајцата се среќни кога ќе се видат и ќе поминат заеднички моменти, зборуваат и нивните фотографии.
Некои од нив погледнете во продолжение…