Не престануваат проблемите со здравјето на пејачката: Само што ја победи короната, Славица се соочува со друга болест
Славица Чуктераш неодамна беше болна од ковид-19, а јавноста сега ја извести дека, три недели потоа, конечно добила негативни резултати на корона тестот.
Но тука не престануваат неволјите за неа, зошто сега повторно се соочи со здравствен проблем. Славица повторно има покачена телесна температура, носот ѝ е постојано затнат и чувствува малаксаност.
Сето ова пејачката ја погоди само две недели откако откако објави дека ја победи короната.
„Ама не прашувај! Пак имам температура. Имам гнојна ангина. Температура, ама јас сум силна!“, рече таа.
Милица Тодоровиќ и Славица Чуктераш заедно го поминуваа времето во изолација откако и двете дознаа дека имаат коронавирус.
Неодамна пејачките и другарки соопштија дека конечно, по 21 ден оздравеле. Милица сега првпат по оздравувањето проговори за медиумите и откри како сега се чувствува.
„Добро сум, фала на Бога и психички и физички. Помина, ама беше тешко. Овој вирус воошто не треба да се занемари, едно 20 дена ме држеше. Кога гледам луѓе како не ги почитуваат сите мерки, многу се нервирам. Морам да признам дека ни јас не верував, дури и кога го добив тестот дека сум позитивна, зошто не чувствував ниту еден симптом. Потоа ме фати температура, малаксаност, па се ме болеше, па одев од една во друга болница, и тогаш се исплашив“, рече Милица.
Пејачката раскажа и како дошло до тоа таа и Славица да бидат заедно во изолација, како и што правеле заедно затворени.
„Се случи јас и Славица да сме позитивни во исто време. Таа остана кај мене во Белград, да не го пренесе вирусот на мајка си и на детето. Убаво се дружевме, малку се смеевме, плачевме, имаме многу снимки. Најголем страв е додека ги чекаш резултатите. Најтешко е кога го гледаш тој прозорец, кога луѓето доаѓаат, што им соопштуваат, јас почнав да плачам кога ги видов“, рече таа и им порача на сите да водат сметка.