Реклама
Вирално

Не постојат апчиња што ќе ја уништат короната, туку ова – еве што вели најдобриот епидемиолог на Балканот за епидемијата!

Реклама

Сончевите УВ зраци и потоплото време ќе го убијат коронавирусот вели српскиот епидемиолог доктор Предраг Кон.

Според него ултравиолетовите сончеви зраци и подоброто време ќе создадат неповолни услови за ширење и развој на вирусот, што е природен процес во развојот на епидемии. „Коронавирусот припаѓа во групата респираторни вируси кои не можат долго време да се задржат во човечкиот организам и кои не се отпорни на топло време, па затоа самите годишни периоди какви што се пролетта и летото се такви што ваквите видови на вируси не можат да се шират и да делуваат“, додава познатиот српски епидемиолог Кон.

Маркетинг

„Покрај тоа и природното УВ зрачење на сонцето има одлична улога затоа што со своето зрачење ги убива вирусите на површина. Доволно е индексот на зрачење да биде и умерен за да има ефект на самиот вирус“, вели овој доктор.

За среќа. Во Македонија наскоро треба да се стопли, а со повисоките температури и самиот вирус треба да исчезне.

Маркетинг
Временска прогноза за месец март – Скопје

Покрај тоа периодот што е пред нас е поволен и затоа што се поголем број на луѓе ќе престојуваат на свеж воздух и прозорите повеќе ќе се отвораат.

Наскоро индексот на УВ зраците ќе биде висок што е доволно да се создадат неповолни услови за вирусот.

Бремените жени и хронично болните да останат дома

Поради опасноста од ширење на коронавирусот, од Министерството за труд и социјална политика излегоа со препораки градинките и дневните центри прекинуваат со работа, бремените жени и хронично болните да останат дома како превенција од ширење на коронавирусот.

Дополнително, на возрасните и повисокоризичните категории на граѓани со хронични болести им се препорачува да го намалат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.

„Министерството за труд и социјална политика (МТСП), согласно заклучоците, мерките и препораките на Владата ја известува јавноста дека следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центрите за ран детски развој како и во дневните центри на територијата на Република Северна Македонија, а вработените лица во овие институции ќе бидат ослободени од работа. За спроведување на оваа мерка се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, да бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски и нивното отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот“, стои во соопштението.

Се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, им се укажува на општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, времено да ги ослободат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица.​

Во Македонија досега има седум заразени, но првата жена кај која беше откриен вирусот, повторно имала негативен резултат, и можно е наскоро да биде пуштена дома.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button