Реклама
Холивуд

Не ни се верува, се уште ги носи – Кејт Мидлтон се прошета во тесни фармерки и омилените чизми што ги купи пред 15 години

Реклама

Може да носи што и да посака, но очигледно е скромна жена и од овој модел никако не се откажува.

Кејт Мидлтон е позната по тоа дека често ги повторува своите модни комбинации, а не ретко можеме да ја видиме и во облека која е постара од 10 години. Па така војвотката од Кембриџ оваа година за Велигден се појави во издание што го носеше и на мисата во 2014 година, а само неколку дена претходно се прошета во карираниот капут што досега го „фураше“ во бројни пригоди во изминативе пет-шест години.

Маркетинг

Но можеби најдобриот пример дека тешко се одвојува од своите стари омилени парчиња се нејзините кафеави кожени чизми до колена од брендот „Penelope Chilvers“. Војвотката овие чизми ги купи пред повеќе од 15 години, а со нив се прошета и деновиве и ги воодушеви сите.

Маркетинг

Имено, додека Меган и Хари го претставуваа кралското бебе Арчи Харисон Моунтбатен-Виндзор, Вилијам и Кејт го собираа ѓубрето од плажа во северен Велс, а војвотката за таа пригода одлучи да ги носи своите омилени чизми.

Но ако добро ги погледнеме ќе забележиме дека се уште изгледаат како нови, па можеме да ја разбереме зошто постојано им се навраќа, дури и кога помисливме дека конечно се решила од нив.

Кејт со ова покажа дека ваквиот кожен модел е безвременски, но и досега демонстрираше бројни начини како да ги носиме ваквите чизми доколку сличен модел имаме во плакарите. Таа овој пат ги носеше со модерна спортска маица и тесни, црни фармерки, а како ги носеше во некои од претходните прилики погледнете во продолжение.

Па дали и вие имете модел во плакарите од кој не можете да се разделите и го носите веќе со години?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button