Не му давала да јаде, го држала изолиран и го посипала со врела вода – момче на чекор од смртта поради неговата насилна девојка
Поранешната девојка на Алекс Скел (22) го посипала со врела вода и физички го напаѓала, му забранувала да јаде и го изолирала од саканите – и како што вели, не му дозволувала да ги лекува неговите рани.
Алекс е жртва на домашно насилство и вели дека бил на „10 дена до смртта“ откако претрпел ужасно тортура од поранешната девојка. Тој бил физички нападнат и посипан со врела вода. Не му дозволувала да јаде, го чувала изолирано од пријателите и семејството, па дури и му кажувала што да носи, пишува во полицискиот билтен.
Неговата поранешна девојка, Џордан Ворт, 22, признала дека му нанела тешки телесни повреди и дека му го контролирала однесувањето и беше осудена на седум и пол години од Краун Судот во Лутон, на почетокот од оваа година. Таа сега е на издржување на казната во затвор, а тој реши јавно да прозборува на една телевизиска емисија за тортурите низ кои што минувал додека бил со неа.
Имено, тој собра сила да зборува за неговата тешко искуство, тврдејќи дека медицинските лица му кажале дека е на само чекор од смртта кога успеале да стигнат до него.
Ворт и Алекс се запознале на колеџ во 2012 година, кога и двајцата имале само 16 години, а судот пресуди дека злоупотребата започнала рано во врската. Во текот на последните девет месеци таа постојано го тепала и тој навремено побарал болничко лекување. Злоупотребата завршила во јуни минатата година, кога еден сосед ги слушнал расправиите меѓу нив и ја повикал полицијата.
Медицинските лица што го прегледале напишале дека повредите на раката и изгорениците на рацете и нозете биле лошо третирани во домашни услови што резултирало со изгореници од втор и трет степен.
Џордан Ворт сега е во затвор
Алекс вели дека не му дозволувала да ги лекува раните и дека оттогаш имал неколку операции на главата и рацете. Тој зборуваше отворено за да ги охрабри и другите мажи да излезат и да не страдаат во тишина.
Во болницата ми кажа дека бев на само „10 дена од смртта“. Но исто така и дека ќе бидам многу подалеку од девојката што ме малтретираше, само ако зборувам.
„Ќе ти биде подобро и подобро, но само ако зборуваш за тоа” го советувал психологот во болницата.