Реклама
Наши ѕвезди

Не можеше да издржи, па „pacпали“ на социјалните мрежи – цела МАКЕДОНИЈА треба го прочита она што Сузе го напиша за Атиџе

Реклама

Нема човек кој нема слушнато за хероината на „Медена земја“ која ги освои срцата на сите.

Документарниот филм „Медена земја“ обработува неколку еколошки теми, како што се: климатските промени, загуба на биоразновидност и експлоатација на природните ресурси, а неговото снимање траело три години.

Маркетинг

Тој е вториот македонски филм, по Пред дождот на Милчо Манчевски од 1994 година, кој бил номиниран за наградата „Оскар“

Сепак она што ги освои срцата на многумина е скромноста и добрината на Атиџе која не се промени и покрај сè што и се случи.

Маркетинг
Фото; Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Фото; Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Фото; Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Атиџе откри и како научила за правилото „половина мед за пчелата – половина мед за мене“, истакнувајќи дека и на пчелата ѝ е потребен медот за да може да опстане и повторно да даде мед.

„Затоа треба половина за тебе – половина за мене … Повеќе на пчелите да им се остава. Ако нема пчели, од каде мед? На целиот свет му требаат пчели. Ако немаме пчели, ќе немаме ниту здравје“, порачува Атиџе за Агенција Анадолија.

Сепак нејзината пријателка Сузана Турунџиева распали на социјалните мрежи и напиша дека Македонија не ја испочитува медената хероина и не возврати за нејзиниот успех.

Фото; Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Фото; Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Фото; Инстаграм/ Сузана Турунџиева

– Благодарение на неа, светот слушна за Македонија … Не однесе во Холивуд и не претстави како никој досега … И покрај тоа што Македонија со ништо не ја испочитува и не и возврати за нејзиниот успех, таа не се откажа од неа … Сè уште многу ја сака и ѝ верува на оваа земја …

А сè што сакам јас е да бевме подобри во срцата, да не боледувавме од колективна амнезија, да знаевме да вреднуваме и да се радуваме наместо да игнорираме и мајтапиме, и да не чекаме постхумно да наградиме некого.

Тогаш е доцна за се …

Оздрави Македонијо моја … оздравувај побрзо, немаме време за губење-напиша Турунџиева на Инстаграм.

Фото; Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Инаку Сузана уште од првиот момент кога ја запозна Атиџе таа беше „освоена“ од нејзината добрина и веднаш станаа пријателки, а до ден денеска се неразделни.

Сузана се обиде колку што може да и помогна на Атиџе во поправање на нејзиниот дом, а неодамна двете заедно снимија и песна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button