Не може да ја сокрие среќата: Познатата пејачка конечно го доби СТАРАТЕЛСТВОТО над синовите, па го сподели ова
Пејачката Тања Савиќ ги изненади сите кога на својот Инстаграм објави дека синовите конечно ќе и бидат вратени.
Имено, таа на својот профил објави фотографија од синовите и напиша дека тие конечно повторно се заедно.
Многумина беа заинтересирани дали нејзините деца повторно се со неа, откако цела година помина од моментот кога нивниот татко, без знаење на мајката, ги однесе во Австралија.
Од овие причини се огласи и пејачката и еве што откри:
Вистина е дека ги добив децата (смеење)! Многу сум среќна!, изјави Тања за „розовата“ телевизија.
Таа потоа кажа и дали децата се со неа:
„Не, ќе одам по нив во Австралија, по судски пат е пресудено децата да ми припаднат на мене и сега ќе одам да ги донесам“, изјави возбудено популарната пејачка за споменатиот медиум.
Инаку, Тања неодамна како гостинка во една емисија, со солзи на очите зборуваше за нејзината трагедија.
„Година дена ги немам видено моите деца. Некој да и ги земе децата на една мајка, тоа е нешто најстрашно. Наскоро ќе биде судењето, на 12 март. Хормоните ме удрија“, изјави пејачката по враќањето во студиото откако претходно заплака пред камерите и мораше да го напушти истото.
„Океј сум, децата ги носам во душата. Постои судски налог одредено време децата да мораат да зборуваат со мене преку телефон. Тоа Душан мора да го испочитува, Ги предадов документите. Се надевам дека ќе биде во моја корист“, изјави тогаш популарната пејачка пред камерите.
„Тој избега. Децата никогаш не би ги напуштила. Тоа никогаш не би го дозволила. Се качи на првиот авион и избега. Го фалсификуваше мојот потпис. Имаше девојка, наша куќна пријателка, која потпиша наместо мене, го сфатив тоа веднаш. Ние двете имавме многу сличен ракопис“.
„Децата би требало да се со мене“, додаде тогаш познатата пејачка во емисијата „Амиџи шоу“.
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ