Реклама
Секс

Не знаете што да правите со неговата поранешна девојка?

Реклама

Проблемот кој што се јавува кај многу луѓе е што се поврзуваат премногу бргу, а притоа не ги забележуваат сигналите.

Значи, среќавате некој што е супер. Може да завршите во врска со него, но сепак постои еден проблем. Тој се уште е најдобар пријател со неговата ’бивша‘.

Маркетинг

Секогаш е присутна опасноста на ’носење додатен багаж‘ кога започнувате со некој од почеток. Многу момци доаѓаат во пакет со лоши пријатели, многумина мажи влегуваат во врска со работа која што не ја сакаат, но не постои ништо полошо за женското его од процесирање со нов тип кој што доаѓа со бившата девојка како најдобра пријателка.

Од некои причини, многу жени не можат да го примат како „нормален“ фактот дека некоја друга девојка била во интимни односи со нивното момче. А интересно е и тоа што добар дел од мажите се свесни за тоа. Кога и да сретнете фраер кој што е добар пријател со неговата бивша, тие најчесто ќе ви кажат: „Еј јас и Тања* сме како најдобри другари, брат и сестра. Нашата врска никогаш не беше на високо ниво што се однесува до сексот, но затоа прекрасно се разбиравме за многу работи“. Тие тоа го прават затоа што го разбираат и познаваат женското его и затоа што знаат дека ќе „одлепувате“ за време на вашата врска. Затоа вие се обидувате да бидете навистина кул. А за тоа време си мислите: „Но јас не сум другарка со никој од моите бивши. Би сакала сите тие да плутаат на сред море. Ама стварно воопшто не ми е грижа за нив“.

Маркетинг

И продолжувате да бидете кул, но како што врската се продлабочува, полека престанувате да имате така кул став за тоа. Ќе настане некоја кавга и тој и се јавува на неговата бивша за да разговара за тоа, затоа што едноставно се познаваат навистина добро и можат да се разберат за секакви работи. Ти не сакаш да станеш љубоморна, но навистина те нервира кога таа ќе му се јави, а тој срамежливо се смешка на некоја шала која што таа ја кажала. И така тоа започнува да те јаде од внатре, се повеќе и повеќе…

И, што би било решението? Всушност, работата е навистина лесна. Станете пријателка со вашиот „непријател“. Повикајте ги сите заедно на седенка, пијалак и седнете лице во лице со девојката во која некогаш „вашиот“ пенис продирал во сите отвори! Гледајте ја и однесувајте се со неа како што би се однесувале со секоја друга жена. Започнете да ја запознавате. Кога сте во присуство на вашето момче/сопруг и неговата бивша, ќе можете да ја препознаете динамиката помеѓу нив двајца и ќе востановите дека помеѓу нив не останало ништо што би можело да ве  загрижи. Не би требало во воздухот да лебди сексуална енергија. На крај, ќе ја видите бившата како една влакнеста шмизла кој што е иста како и некои од неговите другарите со кои „млатат празна слама“. Тоа е тоа. Таа навистина е само уште еден негов другар. На крајот од вечерта, бакнете се во образ за добра ноќ, договорете се да се најдете на Facebook, бидете навистина кул.

Сите ние мора да го поминеме тоа, девојки! Не заборавајте, говориме за бившата со која се „само пријатели“. Таму некаде „надвор“ постојат доста бивши, кои што се уште имаат некакви чувства по него. Тоа се оние кои треба да ви бидат репер според кој ќе се чувствувате подобро – нив им поминала шансата и не ја искористиле – сега дејствието се случува во вашата ера! Ако тој е се уште пријател со неговата бивша и ви се случи да излезете заедно и видите дека не постои сексуална хемија помеѓу нив, тогаш работата е во ред, нема потреба да правите проблеми на себе и на него. Но ако излезете со него, а тој постојано зборува за нејзе, е тогаш е сигурно дека тој се уште има чувства за неа.

А тоа е нешто со кое што ќе треба да се справите – не се неа, туку со него. Ќе мора да си признаете на себе – сте одбрале погрешен тип! Сте собрале погрешен тип затоа што не сте ги слушале и гледале предупредувачките сигнали уште од самиот почеток. Проблемот со кој се соочуваат најголем број на луѓе е што се поврзуваат пребргу, а не обраќаат доволно внимание на сигналите. Некако сите ние како да имаме природна тенденција да си поставуваме темни очила, кога емоциите започнат да не обземаат со појак интензитет: „Аууу, типов е перфектен за мене! Каде ли само бил до сега?!“. Е да, но затоа пак не престанува да зборува за претходната девојка и постојано има замерки за типот со кој што таa сега се забавува.

Мора да ги отворете очите ширум девојки! Треба да го „седнете“ и да му речете: „ Слушај, мислам дека ти воопшто немаш раскрстено со нејзе, барем не со самиот себе.“ Треба да го соочите и треба да го слушате навистина внимателно она што ќе го збори. Обраќајте внимание на говорот на неговото тело и зборовите кои што ги користи. Направете го она што требало да го сторите при започнувањето на врската – обраќајте внимание! Ако навистина се покаже дека тој ја нема „преболено“ претходната врска, тогаш вашата се движи во слепа улица – тоа е факт – и треба да се соочите со тоа како зрела личност!

Справувањето со маж кому во животот се уште му е присутна бившата, не е нуклеарна физика, но од друга страна бара доста внимание и совесност кон самата себе. Култивирајте ги доблестите кои се ви потребни за соочување со овој проблем како вистинска жена и издвојте се себе од девојките од маало, кои „вегетираат“ во незадоволителни интимни врски и кои само бараат рамо и за плачење и термин за кафе на кој ќе ги искажуваат своите маки како некој од оние ликови од ретардираните турски серии.
 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button