Не замислувај дека ќе се женам, НЕМА ДА ТИ СЕ ОСТВАРИ ЖЕЛБАТА – ова е мајката на Марија Луиса
Еве како познатата битолчанка ја изненади својата мајка: МОЈАТА МАЈКА, МОЈА КРАЛИЦА, напиша таа

Пејачката заедно со уште неколку пријателки ја воодушеви својата мајка за нејзиниот посебен ден.
Познатата пејачка Марија Тодоровска, попозната како Марија Луиса, на својата мајка и приреди вистинско изненадување.
Марија е познато по тоа дека семејството и е многу важно и досега многу пати има покажано колку е блиска со жената што ја родила.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Но овој пат за овој нејзин посебен ден Марија и приреди вистинско роденденско изненадување и истото го сними и сподели на својот профил на социјалните мрежи..
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Имено, Марија на овој начин постојано комуницира со своите бројни фанови, често објавувајќи снимки од своето секојдневие.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Овој пат покажа како со торта, букет цвеќе и подарок ја изненади својата мајка која од возбуда ќе заплачеше.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Таа одвај ги задржуваше солзите, додека нејзината ќерка и ја палеше свеќичката на тортата и ја потсети да си замисли желба.
„Е сега да си замислиш желба, ама немој да си замислуваш да се мажам затоа што и годинава нема да ти се оствари“, и порача пејачката во шега на својата мајка, а потоа сите заедно и ја испеаја роденденската песна.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Марија сето тоа го забележа со камера од телефонот, па на својот профил на Инстаграм го објави видеото, но и една фотографија на која е гушната со својата мајка, а под која напиша порака која многу им се допадна на нејзините фанови на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
„Мојата мајка, моја кралица. Кога зборувам за неа станувам“, напиша Марија и покажа колку и значи нејзината мајка.