Не глумев. Моите солзи беа вистински, мислев само на една личност – Розга отворено за новиот спот
Јелена Розга се јави преку видео-врска во утринската емисија на првата српска телевизија, кај водителката Јована Јоксимовиќ.
Познатата хрватска пејачка која во емисијата се јави во живо од Загреб, тоа утро не се чувствувала баш најдобро, па изјави пред камерите: „Надвор сум, бидејќи по интервјуто морам да одам на доктор. Имам висока температура и не се чувствувам најдобро, но јас сум тука за вас”. Потоа убавата водителка и сопруга на пејачот Жељко Јоксимовиќ, Јована, беше заинтересирана дали Јелена навистина плаче во спотот „Моје пролет“ или во прашање е само нејзина добра глума.
„Не глумев, навистина не глумев Дури и режисерот го помисли тоа, ние соработуваме долги години, но не сме блиски пријатели и тој не знае што се случува во мојот приватен живот. Додека го снимав спотот, додека ја снимав песната во студиото, јас мислев само на една личност, но не можам да кажам која. Ти знаеш сé“, изјави Јелена.
„Да, јас знам сé“, повтори водителката.
„Но те молам, не кажувај ништо“.
Разговорот во еден момент беше прекинат, а кога Розга повторно се врати откри дека и се јавил Тони Хуљиќ бидејќи тоа утро го разбудила и му се пожалила дека е болна. Инаку Јелена пред неколку дена го промовираше новиот спот кој можете да го видите во продолжение.
Во продолжение слушнете ја новата песна на Јелена.