„Skinny“ фармерките се еден од најпопуларните модели веќе долго време, но овој тренд конечно се промени.
На престолот оваа година се најде поопуштен, винтиџ крој кој е со пошироки ногавици и од вистински тексас, но тоа не значи дека мора да им кажете збогум на тесните фармерки кои веќе ги имате во вашиот плакар. Постојат голем број начини на кои можете оваа година да ги вклопите во шик комбинации, а во тоа најдобро ќе ве убедат познатите инфлуенсерки кои упорно одбиваат да ги исфрлат од својот „репертоар“.
Еден од најлесните начини на тесните фармерки да им дадете модерен изглед е класичната комбинација со сако и обична маица и да и додадете и ремен на половината, еден од хит модните додатоци во последните неколку сезона, а истиот ефект ќе го има и таканаречената „педеруша“. Трендовски изглед можете да им дадете и со избор на обувки кои се „ИН“ во моментов како што се робусните спортски патики со платформа или каубојски чизми.
И ако „skinny“ фармерките ви се омилени, тогаш оваа година може да инвестирате во некои модели кои се малку пооткачени, како на пример оние со леопард дезен.
https://www.instagram.com/p/BrDQRc9lHJ0/?
Но најмногу опции ќе имате со црните модели кои совршено ќе го заокружат секое ваше издание за оваа зима и кои, а како што пишува моднито портал „Who What Wear“, го стекнаа статусот моден класик и кои секогаш се ИН.
https://www.instagram.com/p/BrZyL2pF0oG/
Исто така, тренди изглед ќе добиете и ако skinny фармерки носите со предимензионирани јакни полнети со пердуви, неодоливите „teddy bear“ капути, робусни чизми со врвки и се што е со животински дезен.
https://www.instagram.com/p/BsEF7wjAA9p/
https://www.instagram.com/p/BsLtfY4lKUp/?
https://www.instagram.com/p/BqZqMlnlFMM/