НЕ ги сака строгите кралски правила за своите деца – војвотката од Кембриџ реши да ја промени иднината на принцот Џорџ
Очигледно, принцот Вилијам се согласил со нејзината одлука и заедно со неговата сопруга заклучиле дека тоа е многу подобра опција за нивниот син.
Иако до завршувањето на основното образование на малиот Џорџ и неговото заминување на престижниот колеџ остануваат уште неколку години, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам одлучија дека не сакаат ништо да остават на случајот. Блиските пријатели на војвотката од Кембриџ им открија на британските медиуми дека кралскиот пар повеќе размислува малиот Џорџ да го испратат на колеџот Марлборо, на кој и таа беше запишана. Очигледно со оваа одлука се согласи и принцот Вилијам, кој заедно со неговата сопруга заклучиле дека многу подобра опција е да се прати Џорџ во интернат, чија цена и не е баш евтина, отколку во Етон, колеџот што го посетувале тој и неговиот помлад брат, принцот Хари.
Петгодишниот Џорџ моментално го посетува училиштето Томас Батерс каде ќе ги помине следните осум години.
Кога ќе наполни 13 години, тој ќе ја смени адресата на живеење и најверојатно ќе оди на колеџот Марлборо, кој се наоѓа во Вилтшир, и е еден од најдобрите и најпрестижните, но и помалку традиционален од Етон.
На колеџот Марлборо учеше Кејт Мидлтон, како и нејзината сестра Пипа и братот Џејмс, и сите тројца радосно се сеќаваат на времето поминато таму. Со одличен успех, таа подоцна се запиша во Свети Андреј, каде што конечно се сретна со Вилијам и сè друго стана историја.
Но тоа и не треба да чуди бидејќи Кејт и Вилијам и претходно ја изненадија британската јавност кога Џорџ го запишаа во школото Томас Батерс, кое претходно не беше избор за членовите на кралското семејство.
„Кејт и Вилијам навистина сакаат нивните деца да ги пуштат да се развиваат и да имаат исто детство како и сите останати деца и никогаш нема да направат нешто на нивна штета, само затоа што јавноста тоа од нив го очекува“, откри за медиумите изворот близок до кралското семејство.