НЕ ВЕРУВАЈТЕ ИМ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ – Весна Бејби со интересна НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА што треба секој да ја прочита!
Македонската актерка испрати моќна порака до своите фанови за крај на годината и ги воодушеви сите.
Весна Петрушевска или Весна Бејби е една од нашите најдобри и најангажирани актерки.
Петрушевска ја започнала својата актерска кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“.
Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe се емитувало неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.
Петрушевска глумела во голем број македонски театарски претстави меѓy кои се: „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Вагинални монолози“ и нејзината најпозната претстава: „Госпоѓа Министерка“, која е изведена над 150 пати. Исто така, глумела во филмот Контакт, македонскиот кандидат за најдобар странски-филм на Оскарите во 2007 година.
Таа од бракот со бизнисменот Јанко има две деца, Мина и Кирил.
Весна е посветена мајка, која масимално се дава себеси во таа животна улога.
Мина тргна по нејзините стапки глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“, а има и во детскатата театарска претстава „Нашата љубов“.
Кирил пак, се одлучи да замине од Македонија. Тој сега живее во Хјустон кај неговиот татко, каде го продолжи своето образование.
Неодамна Весна сесоочи соогромна загуба – згасна животот на нејзиниот татко. Тоа беше најважниот маж во нејзиниот живот со кој беше премногу поврзана.
Предновогодошно актерката одлучи да напише мотивирачка порака до своите фанови.
„Во следната година ви посакувам :
-не отварајте бизарни и вести кои нема ама баш никако да ви го разбистрат умот, напротив затапуваат
-бидете храбри
-сторете нешто со вашиот живот и учете ги вашите деца на здрав живот, читање книги и кријте им ги гаџетите барем три пати неделно (не е кривично дело)
-не верувајте на политичарите секогаш е ПР, верувајте на сопствениот ум, инстинкт и волја
-кога ќе изгубите родител веќе сте потполно сами и неутешни
-се надевам дека следните наслови во медиумите ќе бидат исполнети со успесите на млади деца актери, со актери кои растураат на сцена и дека тоа ќе видат главни вести (а не оние шушумиги како *срушиле* инстаграм со очајна потреба за лајкови и кликови
Јас не престанав да мислам и да работам за да оставам знаење на младите генерации.Не свиткав кичма на бизарностите и тривијалностите.
Се смеам и кога не престанувам да плачам.Ќе се обидам да ја живеам духовитоста на мојот татко кој беше за мене инспирација со широката насмевка.
Бидете свои и кога грешите и да гледајте AGENDA21mk @agenda21mk тоа е убедливо најдобриот тв формат годинава“, напиша Бејби.
ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби Петрушевска