НЕ биди ретардирана – направи вечера. Вељко со брутално искрена порака покажа кој е газда дома
Вељко Ражнатовиќ на својата свршеница Богдана Родиќ често преку социјалните мрежи и посветува цитати, а овој пат објави смешна приказна и ја означи.
Приказната се однесува за љубоморна жена и оди вака:
За да ја види реакцијата на својот маж, жената напиша на хартија: „Си заминав и не се враќам“. Потоа скриена под креветот, жената чекаше да се врати нејзиниот сопруг. Кога тој влезе во собата, ја виде хартијата, напиша нешто на неа и почна да пее, потполно среќен и задоволен.
По пет минути го зима телефонот и се јавува кај некого: „Тргам сега, жена ми си замина. Веќе сум на пат. И запомни, многу те сакам“. Потоа мажот ќе си замине некаде со автомобилот, а неговата сопруга, нервозна, излегува од под креветот. Го зима листот хартија и чита: „Ти се гледаат стапалата. Одам по леб, престани да си ретардирана и направи вечера“.