Линдзи Вон си замина со стил. Во последната трка, најуспешната скијачка во светот освои бронзената медал на Светското првенство во Оре.
Таа е родена во Минесота во 1984 година, а започна да се знаимава со скијање на само седум години. Таа стана првата Американка што победи и доби италијански трофеј Тополино со 14 години, а на крајот од кариерата се закити со бронзениот медал од Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгјанг.
https://www.instagram.com/p/BlL5MtPgkzK/?utm_source=ig_embed
Покрај тоа, Линдзи со 82 победи има рекорден број на победи во светскиот куп и во кристални глобуси, во кој има 20.
Вниманието на оние кои не се изненадени од скијањето ги привлече со својот изглед. Таа беше редовно рангирана меѓу 100-те најубави жени во светот, на црвените килими го привлекуваше вниманието со смели комбинации, а исто така беше и на насловната страна на – Sports Illustrated.
https://www.youtube.com/watch?v=YR-CLPFPUrg
Пред девет години, таа вниманието на јавноста го привлече со насловната страна на ESPN, каде беше како Шерон Стоун од „Основен инстикт“. Облечена во кратка и тесна бела облека таа ги прекрсти нозете, а мажите беа избезумени.
„Ја сакам суровата страст. Се чувствувам како Шарон, во бел фустан и со оваа фризура”, рече таа тогаш.
https://www.instagram.com/p/Bieq00IAxvh/?utm_source=ig_embed
И нејзиниот љубовен живот беше интересен за медиумите. Килдоу го замени своето презиме од бракот со скијачкиот олимпиец Томас Вон, кој од нејзе беше постар девет години. Бракот не преживеа, но Линдзи го задржа неговото презиме. Пред седум години, вниманието на таблоидите им го привлече нејзината врска со прељубникот Тајгер Вудс.
https://www.instagram.com/p/BLENiaxhUH9/?utm_source=ig_embed
Оваа врска траеше три години, а потоа заврши.
Официјално поради обврски, неофицијален поради неговиот сексуален нагон.