Најубавата прва дама во издание како за Оскар – погледнете како го носи најпосакуваниот тренд за оваа сезона (фото)
Можеме слободно да кажеме дека оваа 44 годишна дама изгледа како фотомодел.
Првата дама на Аргентина Џулијана Авада се почесто ги краси страниците на познатите модни магазини поради нејзиниот фантастичен стил. Имено таа уште од 2015, за време на претседателската кампања во оваа јужноамериканска земја почна да го привлекува вниманието на светската јавност, а со нејзиното последно неверојатно шик модно издание повторно се најде во фокусот на медиумите.
Имено, во прашање е фантастична комбинација која што Џулијана ја носеше на нејзиното последно појавување во друштво на својот сопруг додека беа домаќини за време на службената посета на Аргентина на данската кралица Маргарета II и принцот Фредерик.
Убавата прва дама се појави во металик костум составен од тесни панталони со рамен крој и блејзер со совршен крој, а целито издание го заокружи со свилена црна блуза, шпиц високи потпетици и плико чанта во иста боја.
Па што велите за ова издание на Џулијана?