Најубавата кралица на светот ја омажи својата ќерка – принцезата во бајковитата венчаница го воодушеви целиот свет (фото)
Најстарата ќерка на јорданскиот кралски пар се омажи за богат бизнисмен со грчко потекло.
Кралицата Ранија и кралот Абдулах како и сите останати членови на кралското семејство и семејството на младоженецот присуствуваа кога принцезата Иман се омажи за својот избраник Џамил Александар Термиотис.
Принцезата Иман е втора во редот за јорданскиот престол по нејзиниот брат принцот Хусеин бин Абдалах II.
Кралското семејство од Аман веста дека принцезата ќе се вери ја објавија во јули минатата година, а во август се свршија.
Нивната венчавка беше како во бајките, но траеше многу кратко во споредба со оние во западниот свет.
На свадбената церемонија што траеше само 15 минути принцезата Иман и нејзиниот избраник станаа сопруг и жена.
Иман и Џамил прочитаа стих од Куранот откако го потпишаа брачниот документ пред монархот во рамките на церемонијата која што ја пренесуваа медиумите. Потоа невестата до младоженецот ја донесе престолонаследникот, односно нејзиниот постар брат Хисеин бин Абдулах.
Настанот се случи во резиденцијата на кралот Абдулах и Ранија, палатата Беит Ел Урдун која посебно беше украсена за ова пригода.
На Инстаграм се појавија и фотографии од венчавката кои што многумина оставија без зборови.
На свадбената церемонија покрај невестата во центарот на вниманието беше и нејзината мајка, кралицата Ранија.
Кралицата на венчавката на својата ќерка се појави во едноставен фустан со кој никого не остави рамнодушен.
Невестата блескаше во преубавата венчаница од Диор зачинета со нејзината насмевка додека чекореше кон саканиот.
„Драга моја Иман, не е збогум кога секогаш си ми во мислите и во моето срце. Господ да те благослови. Твојата насмевка секогаш ми беше дар на љубовта која што ја ценев од денот кога се роди. Ти посакувам на тебе и Џемил живот исполнет со љубов и насмевки“, објави кралицата Ранија на социјалните мрежи под видеото од церемонијата со кое ги воодушеви сите.
Таа на свадбата на својата ќерка носеше беж фустан со плисирани детали и широки ракави со должина до лактите.
Во прашање е елегантен фустан од модната куќа Диор од колекцијата за есен-зима 2022 кој на прв поглед изглед едноставно, но по стоти пат го докажува непишаното правило дека „помалку е повеќе“.
На елегантниот фустан со должина до подот посебен печат му даде јаката инспирирана од викторијанскиот стил.
Кралицата го носеше со сина плико чанта со која внесе малку боја во целото ова перфектно издание.
На рацете носеше дијамантска нараквица и прстени кои ги комбинираше со впечатливи дијамантски обетки.
Од друга страна нејзината ќерка блескаше во бело од глава до пети, со својот скромен детаљ од тантела на градите и ракавите.
Целото издание го зачини со својата насмевка со која чекореше кон саканиот до кого ја донесе нејзиниот постар брат.
Иман е второ дете на кралицата Ранија и кралот Абдулах кои се во брак од 1993 година. Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм