Реклама
Вирално

Најубавата вест што ќе ја прочитате денес: Роналдо своите хотели ги претвора во болници и ќе ги плати сите трошоци за лекување

Реклама

Кристијано Роналдо со години инвестира во својот синџир хотели „Pestana CR7“, а сега реши сите свои хотели да ги пренамени за потребите за лечење на заразените од коронавирусот.

Фото: Инстаграм/ Кристијано Роналдо

Неговите луксузни хотели во Лисабон и Мадеира од следната недела ќе станат болници за заразените. Сместувањето ќе биде бесплатно, а Роналдо ќе ги покрие сите трошоци за лечење, како и платите на докторите, медицинските сестри и останатиот персонал, пренесе Индекс.

Португалија во овој момент не е јако погодена од коронавирусот како Италија, па затоа Роналдо остана самоизолација во Мадеира.

Маркетинг

Во оваа земја во моментов има 78 заболени.

Познатиот фудбалер во петокот се огласи на социјалните мрежи.

Светот минува низ тешки моменти кои бараат грижа од сите нас, денес не ви пишувам како фудбалер, туку како син, татко и човек кој е загрижен со се што се случува и што влијае на светот. Многу е важно да ги следите советите на Светската здравствена организација и владејачката структура за тоа како да се соочиме со актуелната ситуација, напиша тој и додаде:

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Кристијано Роналдо

„Заштитата на човечките животи мора да биде над секој друг интерес. Моите мисли се со оние што ги изгубија своите најблиски, а сочувствувам и со оние што се борат со вирусот, како што е мојот соиграч Даниел Ругани. Секако, им давам поддршка на сите вистински професионалци што се грижат за здравјето на другите луѓе и така ги ризикуваат сопствените животи“, напиша познатиот фудбалер на Инстаграм.

Врвот на епидемијата при крај на април

Според епидемиолозите врвот на епидемијата ќе биде при крајот на април, односно неколку дена по Велигден кога ќе доаѓаат нашите луѓе од странство кои се во разни зони. Тие затоа и апелираат до оние кои се во најризичните зони да останат таму, да размислат дека би можеле да ја внесат болеста во куќата на најблиските.

А до кога?

Медицинскиот советник на кинеската влада Зонг Наншан истакна дека се намалува бројот на заразени со вирусот корона и прецизира дека глобалната пандемија најверојатно до јуни ќе биде завршена, пренесуваат светските новински агенции. Набшан е кинески епидемиолог познат по борбата со САРС во 2003 година, и тој вели дека бројни увезени случаи со заразите Кина се со асимптоматски појави, односно дека процентот на реинфекции на болните што оздравиле е низок.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button