Реклама
Вирално

Најубавата вест од Македонија што ќе ја прочитате денес – водителката плаче од среќа, ќе ви го стопи срцето

Познатата водителка соопшти преубава вест

Реклама

Нашата позната водителка Анастасија Деа Богданоска од Алфа ТВ деновиве се најде во центарот на вниманието со прилогот за малото девојче болно од дијабетес.

Имено, додека таа зборуваше со таткото на девојчето за проблемите со кои се соочуваат децата со оваа болест, една несовесна мајка дојде и ги избрка од летниковецот во кој што го снимаа прилогот затоа што сакаше (!) таму на своето дете да му го прослави роденденот.

Водителката изреагира професионално и прилогот го снимија на друго место, но мајката што ги избрка со својата постапка предизвика гнев кај гледачите кои ја осудија заради ваквото однесување.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Анастасија Деа Богдановска

По непријатниот настан на социјалните мрежи се огласи и самата водителка, која на својот профил напиша:

Маркетинг

– Емоции од една до друга крајност. Благодарам до цела екипа што остана професионална, иако се препотивме, ама не само од пекол жешкото. Зоки зад камера, Борче зад компјутер со монтажа. А најмногу благодарам за семејството Младеновски, што ми дозволија да ја пренесам нивната приказна и приказната на преслатката Бисера, напиша тогаш водителката на својот профил.

Фото: Фејсбук/ Анастасија Деа Богданоска

„Се надевам нешто ќе се смени на подобро во врска со ситуацијата со недостатокот од игли, инсулин, сензори… а „госпоѓата” е само слика во какво општество живееме, какви се нелуѓе има меѓу нас. Еден роденден во годината е според неа побитен од животот на дијабетичарите и со какви проблеми се соочуваме“, изјави мајката на малата хероина Бисера која никого не остави рамнодушен.

Фото: Фејсбук/ Анастасија Деа Богданоска

И откако овој непријатен настан предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, Анастасија повторно се огласи на Фејсбук, но овој пат со една преубава вест заради која почнала да плаче.

„Успеавме! Децата до 18 години во август ќе добијат сензори“ напиша таа под фотографијата со малото девојче кое беше главната хероина во нејзиниот прилог.

Фото: Инстаграм/ Бомбакис

Анастасија потоа напиша и дека оваа победа е заедничка за сите оние што се бореа, поддржуваа, споделуваа, дадоа и понудија помош.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Алфа ТВ

Таа им се заблагодари на сите, а потоа додаде дека ќе го држи Министерството за здравство и министерот за збор.

„Ова е наша, заедничка победа на сите нас! Сите кои се боревте и се борите, поддржавте, споделивте, дадовте и понудивте помош. Ќе си ветиме дека ќе го држиме Министерство за здравство и министерот за збор!“

„Благодарам! И ич не ми е срам да кажам, си плачам ко мало дете. Мали деца веќе нема да плачат од боцкање!“, напиша Анастасија на Фејсбук.


.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button