Момент на вистинска љубов од кој застанува здивот
Откако запловија во емотивна врска Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се нераздвојни, а тоа најдобро се гледа од нивните заеднички фотографии кои зрачат со љубов. Тие во јуни 2018 година направија гламурозна свадба во Белград за која се уште се зборува, а својата љубов ја крунисаа со малиот Александар кој им се роди во март оваа година.
Младите родители уживаат во секој заеднички момент и го користат секое слободно време да отпатуваат некаде заедно. Неодамна се вратија од одмор во Монте Карло од каде покрај фотографиите на кои пејачката позираше во костими за капење и ги воодушеви сите, објавија и една заедничка на која од авион се гледаат нивните искрени емоции.
Познатиот пар не беше премногу загрижен за минувачите, па се бакнуваа на улица додека позираа за фотографијата.
Тоа дека нивната љубов е судбинска, го докажа и новопечената мама во едно нејзино интервју, која при една нејзина изјава призна дека уште од првиот момент кога се сретнале знаела дека тој е вистинскиот маж за неа, оној на кого пред Бога ќе му се заколне на вечна љубов.
Инаку, Александра своето тело за многу кратко време откако се породи повторно го врати во топ форма, па постојано се фали со провокативни фотографии, а доколку сакате да дознаете која е нејзината тајна кликнете тука.