Најпознатиот пејач од Скопје од оваа жена доби бакшиш од неверојатни 20.000 евра – и тоа за само една песна
Една случка за која што зборуваше целиот Балкан
Познатиот фолк-пејач Мухарем Сербезовски е уште една музичка легенда која по потекло е од оваа наша чудесна земја.
Роден во скопската населба Топана тој пред триесеттина години ќе го напушти главниот град на Македонија и ќе се пресели во Сараево.
Но колку тој е скопска музичка легенда, толку е и југословенска, бидејќи неговите песни се слушаат од Триглав до Вардар.
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Најпознат е по песните „Црнокоса Хатиџе“ и „Зашто су ти косе побелеле, друже“, а досега има напишано и неколку романи.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Инаку, Мухарем неодамна се најде во центарот на вниманието откако и пееше на Сораја Вучелиќ и за само една песна заработи 20.000 евра.
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Сораја на својот профил на Инстаграм сподели снимка на која се гледа како пејачот не може повеќе да ги додржи парите во рацете и џебовите, па почнува трупот пари да го става на масата.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Како што пишуваат медиумите во регионот, пејачот за само една испеана песна заработил неверојатна сума на пари, а се шпекулира дека песната била нарачана и тоа од новопечената мама.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Сораја
Наводно во прашање била приватна прослава, а од домашните цело време добивал банкноти од 200 и 500 евра.
Како изгледаа овие моменти, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Инаку Сораја Вучелиќ е една од најпознатите старлети во регионот. Таа се породи на почетокот од годината и од тогаш не се огласува претерано на социјалните мрежи како што тоа го правеше порано.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Сораја
Но кога и да го направи тоа, следува бура од реакции, што може да се види под секоја нејзина фотка на Инстаграм.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Сораја
Контроверзната старлета се уште не сака да го открие идентитетот на својот партнер со кого го доби синот, а се шпекулира дека во прашање е богат бизнисмен од Хрватска кој се занимава со продажба на скапоцени автомобили. Таа откако го роди синот Кан реши да ги промени своите навики, и како што самата вели, ужива во мајчинството.
@muharemserbezovsk
Неколку нејзини фотографии на Инстаграм погледнете во продолжение…
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Сораја
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Сораја
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Сораја
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Сораја
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Сораја
Извор: Експрес.ба, Информер,