Реклама
Наши ѕвезди

Најпознатиот македонски актер имаше преубава причина за славење – пристигаат честитки, исплива и стара фотка од венчавката!

Реклама

Исплива стара фотографија од венчавката на популарниот актер и неговата сакана сопруга.

Секогаш насмеан и шармантен, Сашко Коцев знае како да ги насмее и сите околу него.

Маркетинг

Сашко е роден во Куманово и е познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, стендап комичар и водител.

Често настапува во театарски претстави, а во последните неколку години ја води и „Златната бубамара на популарноста“ каде со својата смисла за хумор и интересен кумановски дијалект ја забавува публиката.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Сашко Коцев
sasko kocev
Фото: Фејсбук/ Сашко Коцев

Толку на ова шоу тој ја побара за сопруга својата сакана Смиљана.

Тој клекна пред неа во улога на Аладин пеејќи ја песната „A whole new world“ во дует со Каролина Гочева и ја запроси саканата пред неколку илјадна публика.

Фото: Принтскрин

Тие во 2012 година направија и свадба, а во 2017 ја добија својата прекрасна ќерка Јоана.

Фото: Фејсбук/ Сашко Коцев
Фото: Фејсбук/ Сашко Коцев
Фото: Фејсбук/ Сашко Коцев

Актерот не ја криеше радоста и кога се оствари во улога на татко, па со неколку блиски пријатели славеше во кафеана до раните утрински часови.

Сашко и Смиљана деновиве имаа убав повод за славење односно 9 години брак, откако ставија потпис во матично.

Сашко објави фотографија од свадбата па напиша:

„Пред 9 години, ова време си ја врзував краватата“, напиша актерот.

Фото: Фејсбук/ Сашко Коцев

Под објавата се нижеа честитки и неколку илјади лајкови, а како и не би кога тие двајцата се совршен пар.

Инаку Сашко беше една од главните улоги во играната серија „Зоки Поки“, каде го играше таткото на Зоки.

Што се однесува до тоа каков е Сашко како татко, во една пригода за „Гламур магазин“ тој ни откри дека максимално се труди да биде „грижлив, присутен, забавен како татко, готвач-татко… И се што повлекува татковството“.

Фото: Фејсбук/Смиљана Буновска

Во однос на тоа како успева да ги усогласи работните обврски со приватниот живот, Сашко ни одговори:

„Морам да признаам доста тешко, но тоа не значи дека не е изводливо. Ако твојот партнер точно знае и ја разбира твојата работа нема проблем. Но, секако се јавуваат недостатоци на заеднички поминато време, што раѓа доста недоразбирања.. кои секако се од љубов, а не од нетрпение. Најтешка ми беше 2019 година. Во истата година подготвував претстава со главна улога „Макбет“, подготвував „Златна Бубамара“, играв во краткометражен филм, три улоги во три серии и три во долгометражни филмови.“

„Едноставно не можам да ја опишам тагата заради отсутноста од дома од моите две дами.“

Фото: Фејсбук/Смиљана Буновска
Фото: Фејсбук/Смиљана Буновска
Фото: Фејсбук/Смиљана Буновска
Фото: Фејсбук/Смиљана Буновска
Фото: Фејсбук/Смиљана Буновска

Фото: Фејсбук/ Сашко Коцев
Фото: Фејсбук/ Сашко Коцев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button